ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Планираме зaконски измени со кои ќе ги зголемиме ингеренциите на невладините организации

December 18, 2020 19:07
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска учествуваше на тематскиот форум „Справување со кризата со (не)доволни ресурси“, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Цивика мобилитас.

Филипче во своето излагање се осврна на важноста на граѓанските организации и нивниот придонес во креирањето политики, како и за справувањето со кризата предизвикана од коронавирусот. Говорејќи за менаџирањето на ковид кризата, посочи на два сегменти – интензивната соработка и комуникација меѓу сите институции, организациската поставеност, секојдневната координација на активности меѓу институциите и функционирање на Главниот координативен кризен штаб на ниво на Владата од една страна, како и честата комуникација со јавноста од друга страна.
-На тој начин многу лесно се пресретнува ширењето на лажни вести. Таа честа комуникација е можност да се споделат вистинските информации, да се слушне фидбекот од терен, да видиме кои се вистинските проблеми кои практично секојдневно се менуваа и секој ден значеше на некој начин нов предизвик – рече Филипче.
Како клучен сегмент во справување со ковид кризата министерот зборуваше за солидарноста и бројните донации кои се од голема помош на здравствениот систем.
-Солидарноста се покажа навистина на високо ниво, имаше огромен број донатори, институции тука во државата, компании, стопански комори, странски донатори, амбасади на различни земји, Европската Унија како во финансиски средства така и во конкретна и специфична опрема. Во консултации со нас, кажувавме што точно ни треба и тоа беше една навистина сериозна помош без која што, мора да бидеме искрени да кажеме, тешко ќе се изменаџираше кризата така како што се менаџираше овој изминат период. Оваа сериозна помош која стигна од сите овие чинители во нашето општество, со што многу од нив покажуваа висок степен на свест, општествена одговорност. Таа соработка трае и во овој период и веројатно, дека ќе продолжи да трае во иднина – рече Филипче.
Министерот наведе дека во изминатиов период повеќе од три години, Министерството за здравство има позитивно искуство на соработка со многу граѓански организации и одлична можност да се слушне гласот на различни групи граѓани со кои тие невладини органзации работат. Овие организации исто така се вклучени и во креирање на политиките, како и имплементатори на политиките заедно со институциите.
-По напуштањето на соработката со Глобалниот фонд, ние ги имплементиравме договорите со граѓанските организации. Оваа криза малку ни ги успори плановите, планираме законски измени со кои ќе ги зголемиме ингеренциите на граѓанските организации кои работат во овој сектор, конкретно во здравствениот сектор, токму поради тоа да ги искористиме нивните капацитети. Мораме да бидеме искрени и да признаеме дека граѓанските организации навистина имаат и повеќе сознанија, и повеќе инструменти, и повеќе пристап отколку институциите и затоа сметам дека, апсолутно треба да се поддржат и понатаму да се промовираат, и да се направи се во смисла на законска измена за тие да се надградат и во иднина – рече Филипче.
Министерот кажа дека ние како мала земја, не смееме ниту треба да дозволиме некој да го оставиме на страна, туки сите чинители во општеството треба да се вклучат во креирање политикии.
-Барем ние тука во Министерството за здравство, не веруваме дека политика може да се спроведе ако е наметната. Политика може да се спроведе само ако вистински служи на групата на која што е наменета и само така може да има ефект. Дополнително може да служи и да биде повеќе стимулативно ако сите тие чинители биле вклучени во процесот на креирање политики – рече Филипче.
Next Post
Фото:  Б.Јордановска

(ВИДЕО) Стартуваа новите анти ковид рестрикции - угостителите на плоштад ставија клуч на врата во 18 часот

НАЈНОВО

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

October 27, 2025
Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk