ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Стартуваа новите анти ковид рестрикции – угостителите на плоштад ставија клуч на врата во 18 часот

December 18, 2020 19:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото:  Б.Јордановска

Фото: Б.Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Стартуваа новите рестрикции за заштита од ширење на ковид 19. Фронтлајн пршета низ скопскиот плоштад и забележа дека угостителските објекти кои се стационирани во ова подрачје, затворија во 18 часот. Граѓаните шетаа и ги разгледуваа украсите кои го осветлуваат и разубавуваат плоштадот.

Владата ги донесе мерките по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот.

Со мерките кои ќе бидат во сила до 20 јануари, работното време на угостителските објекти се скратува до 18 часот, а се забранува и организирање и одржување прослави на претстојните новогодишни и верски празници.

Исто така, забрането е и хотелите да организираат предновогодишни и новогодишни прослави и верски празници.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера посочи дека  МВР превентивно реагира уште сега до сопстевниците на викендици кои планираат да ги издаваат за претстојните празници.

„Полицијата ќе постапува врз основа на сите дозволени норми и правила коишто се врз основа на Законот. Зошто би била забраната за рестораните и хотелите ако тоа може да го прават некои во викендиците? Ние како МВР сериозно работиме, имаме оперативна акција во делот на издавањето на викендиците, во делот на вакви кривични дела веќе постапуваат колегите, рече Спасовски.“, истакна вчера Спасовски.

Денеска министерот за здравство Венко Филипче изјави дека неделните пресеци укажуваат на тоа дека Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но нагласи дека многу се внимава, затоа што се можни изненадувања. 

„Доколку продолжи вака како што е изминативе неколку недели – да, ќе биде тренд, но внимателни сме затоа што се можни изненадувања, затоа што очигледно овој вирус не го прати моделот на вируси од истата група на вируси во кои се јавува. Имавме еден тренд на стабилизација прво, па сега и намалување и внимателни сме, пратиме како ќе биде овој период пред нас, рече Филипче во обраќањето на Tематскиот форум „Справување со кризата со (не)доволни ресурси“, организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка и Цивика мобилитас. 

Во текот на изминатото деноноќие беа регистрирани 883 новозаразени, 536 оздравени пациенти и 29 починати како последица од ковид 19. Најмладиот пациент почина на 33, највозрасниот на 84 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 77.134, на оздравени пациенти е 52.949, а на починати е 2.254.

Бројот на активни ковид случаи изнесува 21.931.

И.Т.Зафировска

видео и фотографија: Б. Јордановска

Next Post

Нajдобри модели на фустани за трудници

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk