Нови 883 случаи на ковид 19, починати се 29 пациенти, најмладиот на 33, највозрасниот на 84 години. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.134.
Заклучоците за проширувањето на ЕУ не се усвоија. Дипломатите во Брисел не паметат кога последен пат годината завршила без заклучоци за проширувањето на ЕУ, но по денешниот амбасадорски состанок е извесно дека овој пат тие нема да се усвојат, откако Чешка и Словачка оценија дека текстот оди предалеку во мешањето на билатералните спорови.
Чешкa: Заклучокот е штетен за процесот на проширувањето на ЕУ. Главната цел е да се усвои Преговарачката рамка што е можно поскоро. Сепак, сегашниот текст може да има спротивен ефект. Според наше гледиште, тој содржи термини за фалсификување на историјата што би можеле да бидат штетни за процесот на проширување“, велат од чешкото МНР.
Блокадата на Чешка и Словачка е удар и за германското ЕУ-претседателство. Ситуација се смета за прилично проблематична, со оглед на тоа што земји како Русија, Кина и Турција се заинтересирани за привлекување на балканските држави на своја страна.
СДСМ: Интерпелацијата за Димитров ќе биде нов пораз за очајното ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски.Во клучни моменти за стратешките интереси, дали станува збор за членството во НАТО, дали за членството во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени само на ширење лажни вести, хистерија и поткопување на државните интереси.
Филипче: Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но сепак сме внимателни. Секој пациент треба да биде воден од самиот матичен лекар. Мора да се направи проценка врз основа на клиничката состојба на пациентиот, затоа што видовме многу сценарија за оваа болест што уште еднаш не враќаат на заклучокот дека имаме работа со непознат вирус, рече Филипче.
Заев: Разговорите со Бугарија продолжуваат, за македонскиот јазик и идентитет не се преговора. Коментирајќи ги вчерашните реакциите од Словачка и од Чешка, Заев нагласи дека му е драго што се уште има „европско во ЕУ“.
МОН: Со реформите во основното образование секое дете ќе го достигне својот полн потенцијал. Новата концепција за основно образование е најавувана неколку месеци наназад и истата се изработува преку еден максимално транспарентен процес, со, како што напоменавме бројни засегнати страни – ученици, наставници, граѓански здруженија, домашни и странски партнерски организации меѓу кои особено би ја издвоиле УНИЦЕФ“, велат од МОН.
Инспекциите синоќа затвориле четири објекти, Пауновски апелира за совесност. Во локалот „Мош“, кој бил отворен иако привремено запечатен, интервенирала и полицијата. Сè што таму затекнале инспекторите, посочи Пауновски, е заведено во записникот, а за навредите што им биле упатени, рече, инспекторите се веќе навикнати.
Бесими: Со Стратегијата „SmartER Growth“ до удвојување на економскиот раст. Нашата главна цел е, на среден рок, да го забрзаме економскиот раст од 2 до 2,5 проценти во последната деценија на 4 до 5 проценти просечен годишен раст во следните пет години, рече Бесими.





