ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Разговорите со Бугарија продолжуваат, за македонскиот јазик и идентитет не се преговора

December 18, 2020 16:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска од Ресен  порача дека разговорите со Бугарија продолжуваат, но потенцираше дека за македонскиот идентитет и македонскиот јазик ниту се преговора, ниту се разговара.

Тој истакна дека иако горчината од блокадата дадена на 9 декември е присутна кај сите нас и разочарувањето е големо, сепак друг пат нема и тоа е патот по кој треба да продолжиме и продолживме веднаш со разговори. Заев потсети дека на 10 декември при посетата на специјалниот претставник на Владата Владо Бучковски на Бугарија, заедно со државниот секретар Зоран Попов, на властите во Софија им се предадени нови идеи, кои треба да ги разгледаат и се чека повратен одговор од нив.

–  Драго ми е што почесто потврдуваат и од бугарската страна дека тие ја прифаќаат реалноста за постоењето на македонската народ и на македонскиот јазик, заради тоа што тоа е минимум европско, минимум цивилизациско. И верувам дека така ќе продлжиме. Наша задача е да одиме и да чекориме напред. Верувам дека најбрзо можно ќе се создадат услови за тоа. Ние не се откажуваме, ќе продолиме да работиме. Доаѓа период на празници и за време на празниците веројатно ќе се намалат активностите, но по празниците повторно ќе работиме, изјави премиерот Заев.

Коментирајќи ги вчерашните реакциите од Словачка и од Чешка, Заев нагласи дека му е драго што се уште има „европско во ЕУ“.

– Ова го кажувам малку со горчина, оти ако некој заслужил да добие поддршка за следниот чекор на патот кон ЕУ, тоа е Република Северна Македонија, македонскиот народ и сите наши граѓани кои живеат во нашата земја. ЕУ не смее да ги изгуби европските вредности и принципи. Во тој дух, се надевам дека Европа ќе продолжи да го испраќа европскиот сигнал кон нас земјите кандидати за членство во ЕУ, затоа што немаме друга алтернатива, односно како што има кажано во минатото – нема да го изгасне светлото што не води во мракот, за да не бидеме изгубени во мракот, затоа што таа водилка е нашата мотивација за реформите и за да бидеме подобри граѓани, да ја европеизираме државата, да го средиме правосудниот систем, да имаме сила и енергија да градиме објекти за нашите деца, да го осовремениме здравството и уште повеќе да ја подобриме инфраструктурата, порача Заев.

Тој изјави дека секојдневно се работи на отстранување на омразата, нагласувајќи дека сака да испрати порака до сите дека Бугарите се наши сосед, наши пријатели.

– Јас често сум ги нарекувал Бугарите браќа, заради тоа што во нашата земја сме доминантно православен христијански народ, а во Бугарија исто така. Си ги имаме убавините на нашите различности, и етнички и религиски и тоа е сериозна нишка што навистина не прави големи пријатели и отвора сериозна можност за соработка. Историјата треба да ја оставиме на историчарите, затоа што постојат реално ноторни факти што треба да ги впишат во тие записници и таму кај што е мултиперспективноста на историјата да ја остават, рече премиерот.

Заев порача дека тој и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов треба да имаат предвид што прават со историјата што ја пишуваат сега.

– Што им оставаме на децата и на идните генерации, кои сега чекаат од нас. Дали ќе им оставиме аманет на пријателство, на братство, на заедништво, на европски вредности, на меѓусебно помагање или ќе ги поделиме и разделиме повторно, како во времето на железната завеса, истакна Заев.

Next Post

ЕК: Донациите од ЕУ ќе го надминат јазот до испораката од Ковакс

Shortcut

Најново

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk