ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народната банка ги засилува активностите за зголемена транспарентност на давателите на платежни услуги

December 18, 2020 16:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка ги засилува активностите коишто се очекува дека ќе резултираат со зголемена транспарентност на давателите на платежни услуги во однос на надоместоците на најчестите платежни услуги што ги користат граѓаните. Се работи на нова регулатива во оваа сфера, со транспонирање на релевантното европско законодавство. Со ова ќе се зголеми нивото на заштита на потрошувачите при договарање и користење на платежни услуги, а дополнително се очекува да се
зајакне и конкуренцијата меѓу давателите на услугите.

На ова, како што информира Народната бака, се фокусирани и дел од активностите во рамки на твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзино членство во Европскиот систем на централни банки“, финансиран од Европската Унија.

Изминатите денови, се разменуваа искуства и мислења меѓу експертите од нашата централна банка и експертите од Хрватската народна банка, којашто е и твининг-партнер во овој проект. Денеска се одржа и онлајн-настан на којшто беа презентирани резултатите од примената на Директивата за платежни сметки во Хрватска, со посебен акцент на транспарентноста на давателите на платежните услуги постигната преку прикажување компаративен преглед на надоместоците на давателите на вебстраница и преку мобилна апликација, за какви што се предвидува простор и со новата регулатива кај нас.

– Со новиот регулаторен пакет во областа на плаќањата давателите на платежни услуги ќе имаат обврска да им даваат на потрошувачите повеќе информации во стандардизиран формат за нивните надоместоци за услугите поврзани со платежна сметка, а Народната банка да ги објавува на интернет страна, со што на потрошувачите ќе им се овозможи и полесна споредливост на надоместоците меѓу давателите на платежните услуги, истакна вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во своето воведно обраќање на настанот.

Алесандро Занота, економски советник во Одделот операции при Делегацијата на ЕУ, вели дека благодарение на поддршката од ЕУ и на посветеноста на колегите од Народната банка, Министерството за финансии и од другите институции од земјата, како и на европски експерти, Нацрт-законот за платежни услуги и платни системи е изработен и речиси подготвен за отворена консултација. Делегацијата на ЕУ се надева дека Законот ќе биде донесен во блиска иднина со цел да се овозможат придобивките од Директивата за платежни услуги на граѓаните на Северна Македонија.

Во соопштението се додава дека во рамките на презентацијата се претставени искуства коишто  потврдуваат дека нашата централна банка, со активностите што ги презема во оваа сфера е во вистински правец на обезбедување услови и правила за проактивен транспарентен пристап на давателите на платежни услуги, создавајќи униформни правила во однос на обезбедувањето платежни услуги и информации што треба да се обезбедат за граѓаните.

Преку дел од презентацијата на Хрватската народна банка, поилустративно се согледа важноста и натамошната корист за граѓаните од предвидените активности кај нас за нормирање на пристапот во објавување на информациите, што ќе овозможи подобра споредба на понудите за платежни услуги.

Во рамките на онлајн-настанот се отворени и бројни прашања поттикнати од досегашните искуства во Европската Унија, при што може да се забележи дека во оваа сфера, Народната банка соодветно ја користи можноста за поддршка од Унијата, преку овој проект да ги забрза активностите за модернизирање на платежната инфраструктура во согласност со европските трендови.

На настанот учествуваа претставници на поголем број институции и организации, банки, штедилници, финтек-компании, платни системи и на високообразовни и научни институции. Активно се вклучија и претставници на амбасадите на земји од Европската Унија, коишто проактивно ги следат залагањата и постигнувањата на Народната банка во воспоставувањето на европските стандарди во рамките на домашната платежна инфраструктура.

Твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во ЕСЦБ“, покрај на платежните услуги и платните системи, фокусиран е и на статистиката на финансиските сметки, активности во сферата на регулативата и супервизијата на банките и на
истражувачки активности за анализа на политиките.

Во спроведувањето на проектните активности, партнери на Народната банка се централните банки на Германија и Хрватска, а во дел од активностите вклучени се и експерти од централните банки на Белгија, Грција, Литванија, Португалија, Романија, Словачка и Холандија.

Next Post

Филипче: Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но сепак сме внимателни

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk