Во постојниот учебник по „Историја“ за II година (Просветно дело, група автори, III издание 2018) пишува дека Ѓорче Петров „Во 1921 година бил убиен во Софија од страна на потплатени луѓе од бугарскиот двор“.
Меѓутоа, историчарите Виолета Ачковска и Никола Жежов во нивната книга „Предавствата и атентатите во македонската историја“ пишуваат дека зад убиството на Ѓорче Петров стои водачот на ВМРО Тодор Александров. Ачковска и Жежов детално го опишуваат атентатот на Ѓорче Петров укажувајќи дека по извршеното убиство „атентаторот се криел во станот на водачот на ВМРО, Тодор Александров“.
До кога во македонските учебници по историја ќе се крие дека авторот на уставот на МРО Ѓорче Петров бил ликвидиран по нарачка на лидерот на ВМРО Тодор Александров?
Д. Е.