ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пoпладневен преглед: Заев вели не е веќе јасно во што e проблемот со Бугарија, Захариева загрижена поради „грдите манипулации што ги започнаа политичарите во Скопје“…

December 19, 2020 17:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Треба да бараме решение со Бугарија, но не е јасно во што е проблемот. За нас Европската Унија е светост, нашата европеизација ја сакаме со постигнување европски вредности дома и ние тоа ќе го правиме со блокади или без блокади. Ние друга алтернатива немаме, сакаме да вградиме европски вредности дома и да си ја европеизираме државата, рече Заев.

Захариева: С.Македонија е таа што не го почитува правото на самоопределување на своите граѓани со бугарска самосвест. Политичките прашања мора да ги решат политичарите. Проблемот е во тоа што што нашите пријатели од РС Македонија се обидуваат да им пренесат политички прашања на историчарите, смета Захариева.

Царовска: Благодарение на Блаже Конески денес македонскиот јазик е дел од светските јазици.  Горди сме на македонскиот јазик со сета своја посебност, а огромен придонес за тоа има Блаже Конески, чие раѓање го одбележуваме денес, пишува на Фејсбук страната на министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Коневски: Чесно е Мицкоски да даде отчет за изборните порази пред оние кои го избраа пред три години.Коневски посочи дека Иницијативниот одбор има единствена цел, а тоа е да ги натера Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со делегатите на партијата, кои сепак ќе го имаат крајниот збор за тоа кој ќе застане на чело на најголемата опозициска партија во земјава.

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ лаже, ниту еден денар од градската каса не е влезен во моето адвокатско друштво.  Вистината кога е ДПМНЕ во прашање е секогаш на обратна страна. Јас земам сопствени пари од моето адвокатско друштво.  Еве го договорот во 2015 и месечниот приход кој е уредно пријавен во анкетниот лист и предаден во Антикорупцсика комисија кога станав градоначалник, рече Шилегов.

МЗ: Кај ниту едно дете кое се лекувало на Детска клиника или во Козле, не се забележани пост-ковид компликации. Од почетокот на пандемијата, на Институтот биле хоспитализирани 519 деца, од кои позитивни биле 84, а 435 биле негативни на ковид тестот.

Заев: За проектот Чебрен се пријавија десет џиновски компании. Соопшти дека во последните три години има 35 странски инвестиции, а во 2018 година го надминавме рекордот во странски инвестиции со 625 милиони евра нето странски инвестиции со девизен прилив.

Лазаревски за Фронтлајн: Јас веќе поднесов оставка од УО на Агенција за филм, чекам повратен одговор.„Јас поднесов оставка од фукнцијата член на Управен одбор во Агенцијата за филм на 10.12.2020. Сè уште немам право на потпис и ја чекам финалната одлука по моето барање. Значи, јас дадов оставка од ОУ и уште не сум потписник како в.д. директор во Агенцијата за филм“, изјави Лазаревски за Фронтлајн.

 Јовановиќ: И покрај неговата хуманост, градоначалникот Митко Јанчев секојдневно добива закани.

Заев и Ковачевски ги промовираа новите еколошки автобуси за работниците на „РЕК Битола“: На овој начин европските еко стандарди ги носиме дома! Инвестицијата вредна 1,4 милиони евра е финансирана со сопствени средства на АД „ЕСМ“ и претставува реализирање на определба опфатена во програмата на Владата.

И.Т.З.
Next Post

Приведен тетовец, запленети над 9.000 пиротехнички средства

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk