ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев и Ковачевски ги промовираа новите еколошки автобуси за работниците на „РЕК Битола“: На овој начин европските еко стандарди ги носиме дома!

December 19, 2020 15:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата Зоран Заев и генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Васко Ковачевски, денеска, промовираa шест нови еко-автобуси на природен гас-метан наменети за превоз на работниците на „РЕК Битола“.
Инвестицијата вредна 1,4 милиони евра е финансирана со сопствени средства на АД „ЕСМ“ и претставува реализирање на определба опфатена во програмата на Владата.

„Набавката на новите автобуси на природен гас е исполнување на ветувањето на Владата и „ЕСМ“ за подобрување на условите за работа  во комбинатот, за намалување на трошоците за работа и заштита на животната средина“,  нагласи премиерот Заев на настанот.

Беше констатирано и дека со набавката на новите, еколошки автобуси се зголемува безбедноста и квалитетот на превозот на работниците од РЕК Битола кои работат во исклучително тешки услови. Од еколошки аспект, автобусите кои до сега ги превезуваа работниците не ги исполнуваат ниту минималните еколошки стандард за разлика од новите, еколошки превозни средства.

Што се однесува до „РЕК Битола“, на денешниот настан беше посочено дека во изминатите три години направени се капитални ремонти на секој од трите блока на Термоелектраната. Почнувајќи од 2018 година со Блок 1, продолжувајќи во 2019 година со Блок 2 и завршувајќи годинава со капитален ремонт на Блок 3, АД „ЕСМ“ и „РЕК Битола“ ги направија неопходните зафати со цел зголемување на ефикасноста на постројките.

„Со овие зафати покажуваме дека нашите заложби за чиста животна средина и намалување на емисијата на гасови, не се само празни ветувања, туку се спроведуваат во пракса. Тоа не беше случај претходно. И покрај конкретните препораки дадени во 2010 и 2011 кога последно се модернизираа Блоковите 2 и 3, ремонтот да се направи, не подоцна од 6 години, Владата тогаш предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не го направи тоа. Затоа, капиталните ремонти на трите блока во РЕК Битола беа еден од приоритетите на „ЕСМ“ и „РЕК“ со целосна поддршка од Владата и истите беа изведени согласно претходно наведената динамика“, изјави премиерот Заев.

Генералниот директор на „АД ЕСМ“, Васко Ковачевски изрази благодарност кон Владата и претседателот Заев за поддршката при инвестирањето во енергетиката и посветеноста на проектите во енергетскиот сектор.

,,Нашата определба е сите нови инвестиции, во било кој сегмент од „АД ЕСМ“, да бидат во правец на трендовите кои значат определба да живееме и работиме во знакот на зелената боја, а согласно тоа – и да се движиме на зелено. Овие шест еко-автобуси, кои користат природен гас-метан и кои не произведуваат загадувачки издувни гасови, ја покажуваат нашата определба кон извори на енергија, инвестиции, возила, кои  сè помалку ќе загадуваат,  и кои ќе не движат кон  сè  почиста, па и целосно чиста средина во следните години и децении, како поставена цел во светски рамки и тренд кој е веќе трасиран.  АД „ЕСМ“ и вчера помогна на Битола. Со три милиони денари, кои ги заштедивме со неизработка на новогодишен рекламен материјал годинава, обезбедивме довод за кислород во модуларните болници во Битола и во Кичево. И тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина“, рече Ковачевски.

 На денешната промоција на новите еколошки автобуси беше посочено дека тие, во периодите кога нема да превезуваат работници на „РЕК Битола“, согласно можностите и законската регулатива, ќе бидат ставени на располагање за превоз на ученици, студенти, пензионери, членови на спортски клубови, на здруженија и на невладини организации од општините Битола, Новаци и Могила како општини и населени места кои се најблиску до комбинатот.
Next Post

Заев: Треба да бараме решение со Бугарија, но не е јасно во што е проблемот

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk