ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски дезинформира, прави гафови и краде изјави од Зоран Заев

December 22, 2020 16:24
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицкоски е полн со бисери и признанија кои потсвесно му избиваат на површината во неговите јавни настапи. Впрочем, не е единствен во партијата.

На интервју на МТВ (21 декември), Мицкоски не можеше да побегне од својата потсвест, па го цитираше премиерот Зоран Заев.

„И ќе мора во овој момент да најдеме начин тука дома да направиме Европа“ – го цитираше Мицкоски својот премиер (Заев) во интервјуто во кое правеше „тези“, „антитези“ и извлекуваше нови „тези“, се заплеткуваше, а потоа, за да се отплетка, повторно се заплеткуваше. Се разбира, тонеше и во своите веќе пословично погрешни математики. Ама нема информации за тоа колку вмровци имаат бугарски пасош… Но затоа има дезинформација дека „се укинува предметот историја“. И сака експертска влада – на власт без избори, бидејќи постојано ги губи…

И вмровското Димче портпаролче пред некој ден извика „Да живее Зоран Заев“! Амбицијата на Мицкоски е голема. Толку многу сака да биде како Заев така што малку фали во ТВ настапите да почне и тој како Димче да извикува „Да живее Зоран Заев“.

Мицкоски е „на браникот на криминалот“ како што си кажа самиот во претходно интервју за ТВ24. Не е остаток, туку е директен наследник на режимот. Влезе во извештаите на ЕУ како извор на дезинформации, рамо до рамо со еден пореметен лик од македонската Фејсбук јавност, екс-спортски коментатор, измамник и квази-сточар.

Партијата на Мицкоски ги доведе дипломатите и меѓународната јавност до позиција кога веќе не можат да си го дозволат комотниот дипломатски вокабулар, богат со еуфемизми и разни обланди. Вмровецот Мицкоски сосе неговиот сопартиец Александар Керозин Николоски доби уште една меѓународна шлаканица, сега и од амбасадорите на Чешка и Словачка. Тие ги торпедираа со изјавите дека лажат за влијанието што, наводно, го извршиле вмровците врз чешката и словачката влада да се спротивстават на бугарската блокада. Сиромашките, сигурно се надевале дека, освен што никој нормален не би поверувал во тоа, кога немилосрдната дипломатија се јави со студен туш.

Напорно е да се биде претседател на вмровците во ова време. Мора да се следат директивите од Будимпешта, мора да се слуша и Москва, треба да се излезе на протест со автомобили (луксузни), „за да се постигне масовност“ (израз од внатрешна партиска комуникација)…

Неопходно е да се прикаже сопствениот неуспех како успех, а секогаш кога се може, да се присвои туѓиот успех во кој, не само што не учествувал, туку направил сé за да го осуети.

Тешко е да се биде маргиналец дури и во очите на најлојалните и најпослушните партиски војници.

Мора да е неподносливо, особено за исклучително суетен човек, да го слуша кикотењето по партиските коридори за бескрајната низа од несмасни потези и тешки политички и изборни порази.

Слушнав деновиве еден виц: „Си бил еден политичар и се викал Мицкоски.“ И толку. Но и вицевите за Мицкоски стануваат сé поретки. Последен стадиум на политичкиот и јавниот пораз е кога луѓето веќе ни мајтап не си играат со некого. Таму е некаде нашиот лик од македонските кратки политички вицеви.

ПС. Сакам да ја потсетам јавноста и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека ни по три години не одговорил на поканата за интервју, со прашања доставени однапред, како што обично си бара. Новите прашања ќе му бидат благовремено доставени во првата наредна прилика.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Швајцарија во потрага по патниците од Велика Британија

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk