ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Случајот со Шилегов е затворен, спорно е решението за назначување на в.д. директор на Агенцијата за филм, смета ДКСК

December 22, 2020 12:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денeшната прес-конференција информираше за случаите за договорот за консултантски услуги на градоначалникот Шилегов со неговата адвокатска канцеларија, а се осврна и на именувањето на вд. директорот на Агенцијата за филм Лазаревски.

„Шилегов го раскина договорот со адвокатското друштво откако му укажавме дека има судир на интереси. Шилегов сега нема договор со адвокатското друштво и не постои повеќе состојба на судир на интереси и нема дело за постапување. Ако пак Градот Скопје има склучено договор со таа консултанска куќа, тоа дополнително ќе го провериме и испитаме, истакна претседателката на ДКСК Билјана Ивановска,

ДКСК оцени дека е спорно именувањето на в.д. директорот на Агенцијата за филм на 15 декември 2020 година од страна на Владата.

„Спорно е тоа што лицето е истовремено член на управниот одбор на Агенцијата за филм. Има неспоивост на двете функции. Прво треба да се разреши лицето како член на управен одбор, па потоа ќе може од страна на Владата да биде именуван како директор., појасни Владимир Георгиев, член на ДКСК на денешната прес-конференција.

Тој истакна дека оваа оценка е донесена согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси и затоа ДКСК на овој начин превентивно делува и и укажува на Владата, а можеби и на денешната седница, како што рече, да го разреши ова лице од член на УО доколку смета дека тоа лице треба да ја врши должност в.д. директор на Агенцијата за филм.

Претходно новоназначениот в.д. директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски во телефонска изјава за Фронтлајн изјави дека поднел барање за оставка од Управниот одбор на истата институција и дека се чека конечната одлука на Владата. Според Лазаревски, одлуката ќе биде соопштена многу скоро, веројатно на следната владина седница, најверојатно во понеделник. Во секој случај, неговата оставка не е спорна, прашање е на нејзиното службено процесирање.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

Next Post

Шахпаска: Го штитиме секое работно место и се грижиме за ранливите категории

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk