ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Бугарија е секогаш подготвена да им помогне на соседите и пријателите, вели Борисов, намален е бројот на нови случаи и починати од Ковид-19, следните недели се клучни

December 23, 2020 12:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Намален е бројот на новодијагностицирани и починати, како и на процентот на позитивни од тестирани за Ковид-19 во периодот од 14 до 20 месецов споредено со претходната недела, следните недели се клучни.

Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на нашите најблиски соседи и пријатели. Ова му го кажав на премиерот Зоран Заев, кој ни се заблагодари за подготвеноста да им помогнеме, обезбедувајќи вакцини против КОВИД-19, објави изутринава на својот фејсбук профил бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Министерот Бујар Османи информира дека продолжува комуникацијата меѓу Скопје и Софија во насока на изнаоѓање решение, додека бугарскиот премиер Бојко Борисов изрази надеж дека следната година ќе се најде заедничко решение за продолжување на процесот на интеграција на земјава во Европската Унија.

Медицинските работници од Министерството за одбрана кои се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19 ќе добијат парична награда која, во зависност од специјалноста, се движи од 20.000 до 30.000 денари.

Дури 74 % од наставниците сметаат дека е неопходно да се подобри квалитетот на учебниците и другите наставни материјали, истакна Ајше Ајрулаи, раководител на сектор во Бирото за развој на образованието

ФРОНТ:

До национал-шовинистите „статистичари“: дали се Албанците во Македонија под 20% или над 20%? – пишува Петрит Сарачини.

ТВ понуда – дива, нестручна психотерапија, полна со глупости и омраза – пишува Перо Арсовски.

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен акт против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, кои како соизвршители одгледувале насади со канабис во планинскиот предел Јаворица, Демир Капија.

Две вакцини против коронавирусот во моментов се актуелни во ЕУ и САД – вакцината на Бионтек и Фајзер и вакцината на Модерна. Непосредно пред добивање дозвола се и други фармацевтски компании. Кои и какви се разликите меѓу вакцините против корона?

Во Домот на Армијата во Скопје, пред претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски денеска, како редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот на Армијата, ќе се реализира реферирање за состојбата со борбената готовност на Армијата во тековната 2020 година.

 

 

Next Post

Спасовски: Татко ми плати сообраќајна казна, ги повикувам полицајците да не се плашат и да казнуваат и функционери

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk