Имаме заедничка, голема обврска и одговорност да се спротивставиме на дезинформациите и да ги спречиме штетите кои ги нанесуваат лажните вести. Затоа еден од нашите приоритети во „Акција21 – Европски стандарди дома“ е Стоп за дезинформациите, објави на ФБ премиерот Заев.
Заев вели дека за жал, сериозен дел од амбиентот на фалично информирање се политичките изјави од најголемата опозициска партија кои сѐ почесто се демантирани од држави и влади од ЕУ и од демократскиот свет.
„Ваквото однесување на опозицијата и на кој било друг извор на дезинформирање е штетно за македонските граѓани и опасно за државата. Затоа, ги повикувам дезинформаторите да преземат одговорност пред сопствениот народ и да престанат да шират страв, паника и лаги! Како општество мораме да создаваме механизми на заштита од пандемијата на лажни вести и дезинформации, особено во овие месеци кога се шират невистини за вакцините и пандемијата од КОВИД-19. Токму затоа, се залагаме за воведување медиумска писменост како дел од наставата, со цел да им помогнеме на младите да бидат отпорни на лажни вести и дезинформации.“, објави премиерот Заев.
J. Ѓ.