ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Со политиките за достоинствено живеење обезбедуваме пристоен дом за секој граѓанин

December 24, 2020 15:12
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

„Наскоро ќе започне изградбата на типски живеалишта со соодветни услови за живеење за 24 семејства, со околу 120 лица, кои подолго време  живеат во супстандардни и импровизирани живеалишта во ромската населба во Кочани“, соопшти претседателот на Владата Зоран Заев при денешната посета на Општина Кочани, а беше придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Николчо Илијев, дознаваме од владини извори.Тој информираше дека за оваа цел се предвидени средства во висина од 25 милиони денари од Стратегијата за Ромите во областа на домување, од кои 16 милиони денари се обезбедени од Министерство за транспорт и врски во рамките на Стратегијата на Ромите и дополнителни 9 милиони денари од буџетот на Општина Кочани.

„Живееме во време кога секој заслужува пристоен дом, и тоа е врвна обврска на Владата и на локалната самоуправа во секоја општина. Да направиме сѐ што треба нашите сограѓани од секоја заедница, од секоја социјална група да се чувствуваат сигурно. Овој добар пример на градење и поврзување на централната и локалната власт ќе го спроведеме и во останатите општини каде што населението има потреба и каде што има услови за спроведување на вакви проекти. На тој начин нашите заложби ќе создадат добар пример за идните генерации, затоа што нашиот потенцијал доаѓа од нашите граѓани“, истакна премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев посочи дека и во овие услови, со неопходните мерки за лична заштита на работниците во полн ек е изградбата на социјални станови, кои во делот на градежништвото се значаен сегмент од капиталните проекти.

„Колку за споредба, во периодот од 2011 до 2017 година, односно за 6 години, биле изградени 678 стана, а во периодот од 2017 до 2020 година, или за три години се изградени и се во тек на изградба 897 станови од кои 10% како позитивна квота во критериумите ќе бидат наменети и за ромската заедница. Со овие капитални проекти го враќаме достоинството на граѓаните со социјални мерки за извлекување на наши сограѓани во социјален ризик од зоната на сиромаштијата со решавање на станбеното прашање на многу семејства“, нагласи премиерот Заев.

Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски информираше дека во делот на социјалната и станбена изградба во Кочани се планира и изградба на станбена зграда за 34 социјално ранливи семејства.

„Во текот на  2021 година изградбата на оваа станбена зграда ќе добие на силна динамика. Ова е многу значајно бидејќи државата секогаш треба да им се најде на граѓаните кога им е најпотребна. Во тој контекст обезбедувaме и 16 милиони денари за згрижување на ромско население преку изградба на типски куќи. Исто така, сакам да спомнам дека одвоивме и 6 милиони денари за инфраструктурни проекти за Кочани за реализација на кружни текови во централното градско јадро. Распределивме и 66 милиони денари на Општина Струмица за решавање на станбеното прашање на жители од општината“, посочи министерот Бочварски.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев истакна дека со овој проект се решава повеќедецениски проблем во Кочани во однос на прашањето на диво населените лица во објектот Стара касарна. Тој нагласи дека Кочани е една од првите општини во државата што покажува дека може да одговори на домувањето на Ромите, како едно од најгорливите прашања за оваа заедница.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk