пишува: ИСИДОРА СТАНКОВИЌ докторантка на биомедицински науки
1) Што е RNK?
RNK е порака која служи да и каже на нашата клетка каков вид на протеин да создаде. Сите протеини во нашите клетки се формираат со превод (транслација) на RNK молекули, а самите RNK молекули се формираат во процесот на транскрипција на нашата DNK во RNK (Слика 1), Во секој момент, една човечка клетка содржи повеќе од 5.000 различни RNK молекули кои и обезбедуваат информации за тоа каков вид на протеини треба да се создадат. Откако RNK ќе се „прочита“ и ќе се создаде протеин, молекулата на RNK не се задржува во клетката, туку се разложува. Значи, молекулите на RNK се како пораки што тајно сме ги разменувале на училишни часови и кои би исчезнале доколку некој од професорите побара да ги прочита.
2) Што содржат RNK вакцините и како штитат од вируси?
РНК вакцините против коронавирус (Pfizer, Modern) содржат RNK молекули т.е. информации за тоа како да се направи S протеин на коронавирусот. Овој RNK молекул се наоѓа во меурот на липиди т.е. на масти. Липидниот меур ја штити RNK и овозможува на RNK молекулот да влезе во нашата клетка. Кога RNK ќе се најде во клетката, нашата клетка прави S протеин на коронавирусот од тие RNK информации, го препознава како туѓо тело и потоа создава имунолошки одговор кој ќе се бори против тој протеин. По вакцинацијата, следниот пат кога организмот ќе наиде на коронавирус кој има S протеин, тој веќе има развиена имунолошка реакција на тоа.
Важни информации:
- RNK вакцините (Pfizer, Modern) не содржат adjuvans, метали, конзерванси и стабилизатори. Сите овие вакцини содржат RNK молекули и липидни честички (сите наши клетки содржат маснотии). Бидејќи вакцините не содржат конзерванси и стабилизатори, RNK молекулите се подложни на деградација, па затоа е потребно овие вакцини да се чуваат на многу ниски температури.
- RNK информациите овозможуваат создавање на еден протеин од коронавирусот. Целиот коронавирус содржи 29 различни протеини, така што не постои можност RNK молекулите да создаваат или да предизвикаат вирус.
3) Дали RNK вакцините се безбедни?
Често сомнение што го слушам од оние кои коментираат за RNK вакцините, е дека досега не е одобрена ниту една RNK вакцина и не ги знаеме долгорочните ефекти.
Всушност, терапиите базирани на RNK молекули се користат од 1998 година.
Познат лек кој се базира на RNK технологијата е исто така спинараза кој се користи при спинална мускулна атрофија (СМА), додека други одобрени лекови базирани на модифицирани RNK молекули може да се најдат во студијата на крајот од текстот. * Покрај тоа, има најмалку десетина други клинички студии во кои се користи специфична молекула на iRNK во форма на вакцина ** за многу болести, од рак до инфекција со зика вирусот. Зошто е ова важно? Бидејќи вакцините за коронавирус се базираат на истата молекула. Со други зборови, само затоа што технологијата на RNK е непозната за пошироката јавност, не значи дека е непозната за научниците.
Што се однесува до несаканите ефекти при употреба на Pfizer или Modern вакцината, откако тие беа тестирани на 43.448 лица (Pfizer) и 30 400 (Moderna), немаше опасни несакани ефекти. Единствените несакани ефекти опишани во клиничките испитувања се покачена температура, болки во мускулите, замор, но сите тие исчезнуваат многу брзо по приемот на вакцината. Овие „несакани ефекти“ се всушност добри вести – тие кажуваат дека имунолошкиот систем реагира и создава одговор на протеинот S. ***
Важно: По примањето на вакцината Фајзер во Велика Британија, имало 2 случаи на привремени несакани ефекти кај луѓе со историја на анафилактички шокови (тешки алергиски реакции од различни причини), кои инаку секогаш носат инјекции со адреналин со себе и не примаат вакцини.
4) Како успеавме да направиме вакцина толку брзо?
Тука има два одговори
Прво, семејството на коронавируси е истражувано со децении и имавме многу информации за нив – бидејќи овој коронавирус е структурно повеќе или помалку сличен на другите, вакцината беше многу полесна да се направи.
Втора причина: имавме неограничени пари и ресурси. Во услови кога нема пандемија, поголемиот дел од времето што обично се троши на одобрување на нова вакцина или лек (од 5-20 години) оди на документација, аплицирање до разни агенции, барање пари за истражување и тестирање, регрутирање волонтери. Повеќето клинички испитувања на лекови или вакцини не се запираат затоа што се неефикасни, туку затоа што остануваат без пари. Во оваа ситуација, на сите им „гори под нозе“ за да најдат решение што е можно побрзо и се појави невообичаена ситуација што ги забрзува научните резултати: научниците имаат неограничени ресурси и работна сила, волонтери за клинички испитувања има многу, сите регулаторни агенции се справуваат со коронавирус пред сè .
Затоа, сите услови што нормално постојат во повеќегодишното тестирање – 3 или 4 клинички фази, десетици илјади испитаници (различни возрасти, пол, раси), тестирање за безбедност и ефикасност се исполнети во овој случај во рок од една година, што е неверојатен научен потфат.
Исто така, RNK вакцините се прават многу побрзо во лабораториите во споредба со „традиционалните“ вакцини (кои го содржат целиот инактивиран вирус), поради што ќе можеме да направиме милијарди дози за кратко време.
Прашањето дали RNA вакцините се безбедни и ефикасни е прашање што треба апсолутно да се постави и без кое вакцините не можат да се даваат. Ефикасноста и безбедноста на вакцините се изучувани и се изучуваат не само од компаниите што ги произведуваат, туку и од многу регулаторни агенции ширум светот составени од научници, клиничари, фармацевти и засега сите се согласуваат дека овие вакцини се и безбедни и ефикасни. Научниците кои ги произведуваат овие вакцини сами ги објавуваат резултатите од клиничките испитувања во форма на научни студии, така што сите податоци и сите детали ќе бидат достапни за секого.
5) Дали RNK вакцините се ефикасни во спречување на инфекции?
Ја знаете старата: „сликата зборува повеќе од илјада зборови“? На сликата подолу се дадени резултатите од клиничките испитувања на две RNK вакцини, од двајца различни производители. Графиконите со оска y покажуваат инциденца на случаи со коронавирус, додека x-оската ги претставува деновите по вакцинацијата. На табелите Pfizer / BioNTech, црвената линија ги претставува невакцинираните, а сината линија вакцинираните. Инциденцата на коронавирус кај вакцинираната популација се намалува приближно 10 дена по вакцинирањето.
Како одминува времето, случаите на коронавирусна инфекција кај невакцинираната популација продолжуваат да се зголемуваат, додека кај вакцинираната популација нема такво зголемување.
Истиот заштитен ефект на вакцината се забележува со RNK вакцината во долниот (Moderna) графикон, освен што тука авторите ја користеле сината боја за невакцинираната група, т.е. волонтери кои добиле плацебо третман и црвено за да ги претставуваат оние кои биле вакцинирани.
Користени извори:
* https://www.ncbi.nlm.nih.gov/…/PMC725…/pdf/cmj-56-87.pdf
** https://twitter.com/florian…/status/1332077763809996801
*** https://science.sciencemag.org/content/370/6520/1022
обработка: Јане Ѓорѓиоски
Текстот е преземен со дозвола од авторката, извор: “Nauka u Srbiji”.