ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН LIFESTYLE

Девојка со Даунов синдром руши стереотипи и надминува очекувања, смело чекорејќи во модниот свет.

December 25, 2020 18:50
in LIFESTYLE, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Кенеди Гарсија секојдневно си ги зголемува модните ангажмани и обожавателите на Instagram и не дозволува нејзината состојба да ѝ застане на патот кон успехот.

16-годишната девојка надминала бројни здравствени предизвици за да стигне онаму каде што е сега. Кога била дете, Кенеди победила во борбата со леукемија, а ѝ биле направени и над 30 операции, од кои една на ‘рбетот.

„Таа дефинитивно надмина многу пречки. Како дете, имаше повеќе од 30 операции и леукемија. Нејзиниот пат беше тежок, но и покрај сè, секогаш имаше позитивен став и насмевка дури и кога беше премногу болна или во болка“ – вели нејзината мајка.

„Кенеди отсекогаш ја сакаше камерата и започна како модел во бутик на 6-годишна возраст. Мали продавници ѝ испраќаа облека, а таа им испраќаше фотографии. Ја создадовме нејзината Instagram страница кога таа имаше 10 години и откако нè контактираше моден агент, таа го доби првиот голем ангажман во Лос Анџелес. Ѝ се допадна секоја секунда од тоа искуство и таа беше навлечена“ – вели мајка ѝ.

Покрај ангажманите како модел, Кенеди е и танчарка.

„Пред да стане модел, нејзината прва љубов отсекогаш беше танцувањето. Започна да танцува на 5-годишна возраст откако се опорави од операцијата на ‘рбетот. Во моментов, таа е единствената со посебни потреби во нејзиниот натпреварувачки тим и создаде многу добри пријателства преку танцувањето“.

„Во текот на животот ‘експертите’ ни велеа ‘Таа никогаш нема да може…’ и секојпат таа им покажуваше ‘О да, МОЖАМ!’ со самото тоа што беше она што е. Среќна сум што ѝ сум мајка.“

„Луѓето со Даунов синдром или други попречености се како нас. Кенеди секој ден се труди да го покаже тоа на Instagram. Да покаже дека е типична тинејџерка – обожава да оди на шопинг, да си разменува пораки со пријателите, да спие до доцна, да биде со своето момче, да јаде брза храна… Ако луѓето ѝ дадат шанса, ќе откријат дека таа е одличен пријател и дека е многу забавна“ – додава мајката на Кенеди.

 

Next Post

Јасмина Делчева Диздаревиќ:Треба да создадеме автентичен систем на образование за наши услови

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk