ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европски парламент: Власта во Србија користи дезинформации против опозицијата

December 25, 2020 18:40
in ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СВЕТ
1206349243

1206349243

Share on FacebookShare on Twitter

Во земји како Србија, во кои политиката е доминирана од една партија, дезинформациите и „лажните вести“ имаат тенденција да следат една „партиска линија“, служат за интересите на моќниците и да ја поткопуваат опозицијата, се вели во најновата студија на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, пишува Нова Економија.

Дезинформациите се ендемичен и сеприсутен дел од политиката на целиот Западен Балкан, без исклучок, тврди ова тело на Европскиот парламент. Но, иако за дезинформациите често се дискутира во контекст на надворешни закани за функционирањето на демократијата, странските актери не се најважни виновници во регионот.

Во политичкото опкружување, како што се Албанија и (донекаде) Северна Македонија, дезинформациите опортунистички се користат од сите политички фракции, следејќи повеќе краткорочни цели отколку долгорочни стратегии.

– Меѓународните актери играат релативно мала улога во ширењето дезинформации во Србија. И покрај фактот дека еден од централните канали на дистрибуција за транснационални дезинформации во регионот е рускиот Спутник Србија со седиште во Белград, се вели во анализата.

Во српскиот медиумски пејзаж доминираат Српската напредна партија (СНС) и претседателот Александар Вучиќ. Во текот на последните неколку години, известувачите на ЕП забележаа влошување на квалитетот на медиумското известувањето, што се карактеризира со поволно известување и недостаток на критика кон Вучиќ и неговите соработници, се додава во документот на ЕП.

Примарната улога во кампањата за дезинформации која е спонзорирана од државата ја играат ТВ станиците (видливо ТВ Пинк) и таблоидите, вклучувајќи ги Курир, Информер и Српски телеграф, кои имаат значителен дострел и се користат за одек на негативната кампања на владејачката партија против опозицијата, покажува студијата.

Анализата на социјалните медиуми спроведена за оваа студија, пак, откри дека националистичките публикации (Националист, Црвене Беретке, Интермагазин.рс, Санџачке) и неколку истакнати поединци (вклучително политичари и истакнат економски аналитичар) играат особено важна улога во ширењето дезинформации.

Овие медиуми и поединци се карактеризираат со негативно покривање на ЕУ, НАТО и Западот воопшто, додека истовремено негуваат проруски дискурс.

Покрај тоа, постојат наводи за голем број лажни профили, групи и страници на социјалните мрежи кои се користени за ширење дезинформации.

На пример, во април 2020 година, Твитер во Србија избриша 8.558 налози, со објаснување дека станува збор за лажни профили поврзани со владејачката партија.

Иако кампањите на дезинформации на Спутник Србија се истакнати низ целиот регион, особено во Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Северна Македонија, тие не се особено видливи во самата Србија.

Српските и руските државни пораки се чини дека се широко координирани на повисоко ниво,се наведуа во најновата студија на Комитетот за надворешни работи на ЕП.

Но, имаше два значајни исклучоци. Првиот беше во 2016 година, кога претседателот Вучиќ ги поддржа тврдењата дека рускиот ГРУ (Военоразузнавачка служба) стои зад обидот за државен удар во Црна Гора, изнесувајќи осуди од Москва.

Вториот исклучок беше ова лето, кога портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, вулгарно го обвини Вучиќ дека „се продал“ на Вашингтон поради предложениот договор за економска нормализација на односите со Косово. На крајот во нејзино име се извини Владимир Путин.

Се чини дека Спутник Србија не се вклучува независно во српската политика на начин на кој тоа го прави во други земји во регионот. Но, тој произведува материјал што српските медиуми (и другите во регионот) можат да го пренаменат за да ги постигнат своите цели.

Како такво, главната дезинформација во Србија има за цел ширење мислење во врска со изборите, јавните личности или домашната политика.

Дискурзивните полиња на кои се водат овие битки, многу се различни. Приближно една третина од разгледаните кампањи се насочени кон НАТО или ЕУ, една третина на последиците од југословенските војни и повоеното „помирување“, а остатокот за изборната политика и Ковид-19.

И домашните и странските актери користат дезинформации за да го нарушат кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, зајакнувајќи ги и манипулирајќи со постојните поделби помеѓу „идеалистите на ЕУ“ (кои се посветени на европскиот идентитет на нивната земја) и „реалистите во ЕУ“ кои можеби не се против интеграцијата во ЕУ, но не веруваат дека ќе се случи).

Иако Кина и Турција се активни на ова поле, Русија доминира во напорите за дискредитација на ЕУ, која одржува широка инфраструктура на медиумски манипулации низ целиот регион. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk