Горјан Јовановски неодамна е прогласен за најуспешен млад иноватор во Европа. Тој е софтверски инжинер по струка, а за себе вели дека е еко активист по волја и срце.
Јовановски зборува за тоа како пред 6 години настана апликацијата „Мој Воздух“ (AirCare), која денес информира за загадувањето на воздухот во 41 земји… за научените лекции и следни планови.
„ФИТР Интервју“ е нов концепт на ФИТР со кој ги промовираме докажаните претприемачи, а ги охрабруваме и сите оние кои размислуваат да почнат сопствен стартап бизнис. Проследете инспиративни разговори, споделување на искуства и научени лекции од успешни претприемачи.“ велат од Фондот за иновации и технолошки развој.
J. Ѓ.