“Гледаме да работиме професионално и системски кога станува збор за вакцинацијата. Ги следиме и другите земји и системи. Очекуваме вакцинирањето да започне во март согласно протоколите. Околу 417.000 граѓани треба да бидат вакцинирани, односно околу 20% од населението. Имаме предвидена динамика на вакцинирање. Вакцинација ќе се одвива преку „Ковакс“ системот. Прво се очекува да пристигне вакцината од „Модерна“, па „Фајзер“ па „Спутник“. Инаку постои цел режим на вакцинација на населението“, подвлече премиерот.
“Нашата земја гради пријателства со тоа што го создадовме Договорот за пријателство со Бугарија, изградивме пријателство со Грција, изградивме пријателство дома и со целиот свет и навистина сме земја која што важи за пример на градење на пријателство и нашиот народ е пријателски народ. Тоа веројатно и на Бугарите им е јасно, ние немаме претензии, ние не се закануваме никому и градејќи го тоа пријателство градевме добрососедство и соработка со Бугарија. Тргнавме да станаме браќа и се движевме кон атмосфера да станеме браќа. Многу често сум употребувал мој наратив заради искрената потреба да имаме одлична соработка, најдобро пријателство и се, дека ние сме браќа, треба да градиме пријателство но наеднаш решија татковци да ни станат и тука е проблемот. Така што, обидувајќи се да градите братство, наеднаш решија нашите пријатели да ни станат татко, изјави премиерот Зоран Заев, во емисијата „Само интервју“, на телевизија Канал 5.
“Не сум пробал џоинт, но за да се залагате за некоја кауза не мора да имате личен бенефит од тоа. Јас во исто време сум Македонец, ама се залагам за правата на Албанците. Јас сум стрејт, а се залагам за правата на ЛГБТИ. Не сум сиромашен ама се залагам за правата на сиромашните.” – изјави во своето интервју премиерот Зоран Заев
„Со концепцијата создаваме сеопфатно образование. Треба да се гледа развојниот процес на децата, да се дозира толку колку што е потребно на детето, не да го оптерети со непотребни содржини како што сега воопшто не се води грижа. Колку детето може да восприеми од тие апстрактни поими. Јас како педагог сум должна да кажам каков ќе биде пристапот, начинот на предавањето, но не и што ќе учат. И затоа во оваа фаза не се консултирани останатите колеги“, рече Делчева Диздаревиќ.
Министерката посочи дека ваков пристап во подобрување на образовниот систем досега сме
немале, и дека се правиле корекции на делчиња од образованието.
„Професорите и самите кажуваат дека сега за прв пат ја гледат целата слика. Одиме во едно
или во две одделенија, за да можеме да постигнеме квалитет. Кога ќе речеме дека за пет, или
шест години ја затвораме рамката, тогаш ќе имаме еден стабилен образовен систем“, објасни
Царовска.