ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Како Владата да спроведе позитивна кампања за вакцинација ако законот и забранува?

December 26, 2020 23:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако ја следиме анкетата на  Советодавната група за јавна политика „Балкан во Европа” (БИПАГ) објавена деновиве тогаш повеќе од половина од населението во Северна Македонија нема да се вакцинира. Така одговориле граѓаните на прашањата во анкетата. Сите оние кои одговориле дека нема да учевствуваат во имунизацијата веруваат во теории на заговор, што од една страна е загрижувачки затоа што тоа го покажува степенот на свесност кај луѓето, а од друга, затоа што толку висок процент на граѓани кои не сакаат да се вакцинираат е сериозна закана да немаме успешна имунизација, за која, според лекарските и стручните препораки за да биде успешна неопходно е вакцината да ја примат околу 70 отсто. Ако реалната ситуација на терен се соочи со овие бројки тогаш имаме сериозен проблем, кој секако мора да се надмине со стратегија, информирање, едукација и јавно издигнување на прашањето во приоритетно. – пренесува порталот Нова ТВ.

За да може Владата да ја спроведе таквата едукација на населението, за потоа да може со сигурност да очекува дека барем 70 отсто од населението ќе се вакцинира, и е неопходна помош од сите важни чинители на општествениот живот. Сепак станува збор за вакцина, што самото по себе е сериозно, па оттаму може и треба да се има разбирање за одговорите на анкетираните граѓани, дека не веруваат во вакцините, затоа што на пример, многу брзо биле создадени, нецела година од стартот на пандемијата. Таквите негативни одговори на македонските граѓани се должат и на недоволна информираност и незнаење, па затоа, со континуирана кампања во медиумите, во јавните настапи, со измислена целокупна стратегија за едукација, Владата ќе мора да вложи напори да го смени мислењето на половина од населението. Сега доаѓаме до моментот како Владата да организира кампања, особено медиумска, ако законот и го забранува тоа, како масовно да се информира населението ако тоа не е преку бројните медиуми, како ќе стигне информацијата за безбедна вакцина и неопходна имунизација го последниот граѓанин.

Тука практично доаѓаме до моментот дали е подобро да се смени законот, државата да спроведе медиумска кампања за правилно информирање на граѓаните, а таа кампања да резултира со доволен број вакцинирани граѓани и после неколку месеци државата да објави дека сме имунизирани или пак е подобро законот да остане каков што е, со строга одредба, при тоа без јасна дистинкција што е владино рекламирање, а што јавен интерес, и државата да нема начин како да го едуцира населението.

И на крај, ако имунизацијата не успее кој ќе биде виновен?

Секако дека Владата. А зошто?

Затоа што немала соодветна едукација на граѓаните за да вложи напор да го смени ставот кај дел од скептиците.

Next Post

Врнежливо и релативно топло, до 13 степени

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk