ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Делчева- Диздаревиќ: Зарем јас, ќерка на Ѓорѓи Делчев, еден од првите учители во Пиринска Македонија, би се заложила за бришење на историјата во полза на Бугарија?

Не е точно дека сите инститиути и сите факултети се против новата концепција. Бројките кажуваат доволно, половина и повеќе од професорите на Филозфскиот факултет или се против или не се изјаснуваат срамејќи се од начинот на коишто останатиот дел од професорите реагираа. Ставови на фејсбук, напади на неистомисленици не е својствено за расправа во академска средина. Исто така веќе е дегутантно да зборуваме дека историјата нема да се изучува.

December 28, 2020 08:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Раководителката на Институтот за педагогија Јасмина Делчева- Диздаревиќ е шокирана од критиките кои дојдоа од колегите од нејзината фела на сметка на нацрт концепцијата за основно образование. Во интервју за „Локално“, како неприфатлива ја посочува леснотијата на отфрлање на предложените решенија без аргументи и стручна дебата.

„Половина и повеќе од професорите на Филозофскиот факултет или се против или не се изјаснуваат срамејќи се од начинот на којшто останатиот дел од професорите реагираа’’, вели Диздаревиќ.

Повторува дека предметот историја нема да се отфрли и вели: „Зарем јас како ќерка на Ѓорѓи Делчев, еден од првите учители во Пиринска Македонија во 1946 год. би се заложила за бришење на историјата во полза на Бугарија?“

Една сте од ретките која се одважи да застанете во одбрана на предлог концепцијата за основно образование. Дел сте од работната група која работи на реформите. Како ги доживеавте бројните критики, особено оние од колегите од вашата фела?

– Деновиве бевме сведоци на низа гостувања во медиумите на сите учесници и креатори на концепцијата, каде што детално беше објаснето што се прави во оваа фаза. Исто така, самата концепција беше јавно презентирана со сите експерти и вработени во БРО ( Биро за развој на образованието) коишто учествуваа во нејзината подготовка, што укажува на огромната посветеност и заложба истата да биде прифатена. Критиките ме шокираа. Запрепастена сум од леснотијата на отрфлањето на предложените решенија без аргументи. Ќе ви дадам само еден пример. Се појавија написи во медиумите кои со сарказам „најавија’’ дека учениците ќе учат јога и пилатес, без да се види дека тоа се само примери на можни избори на учениците, а уште повеќе што и на студиските програми на Факултетот за физичка култура се изучува и јога и пилатес. Затоа велам, со стручни аргументи и контра аргументи ќе разговарам со сите, но никогаш на лична основа.

Институтот за педагогија каде што и вие работите искажа сериозни забелешки во однос на нацрт концепцијата, заклучувајќи дека може да предизвика сериозни проблеми во образованието. Како ја објаснувате ситуацијата во која самите педагози имаат спротиставени ставови?

– Да, имаме различни ставови и тоа е добро, бидејќи само така науката ќе се развива. Но, ако го прочитате писмото ќе видите дека во него нема материјална расправа, туку само генерални заклучоци, без никаква анализа. Ќе повторам, сакам стручно да разговараме. Не може да излезете со генерални заклучоци без конкретни аргументи и конкретни предлози.

Речиси и да нема институт, здружение или друштво при факултетите кои во изминатиот период не излегоа со негативни забелешки. Најмногу реакции предизвика обединувањето на предметите, особено историјата.

– Не е точно дека сите инститиути и сите факултети се против новата концепција. Бројките кажуваат доволно, половина и повеќе од професорите на Филозфскиот факултет или се против или не се изјаснуваат срамејќи се од начинот на коишто останатиот дел од професорите реагираа. Ставови на фејсбук, напади на неистомисленици не е својствено за расправа во академска средина. Исто така веќе е дегутантно да зборуваме дека историјата нема да се изучува.

Јас сум ќерка на Ѓорѓи Делчев, еден од првите учители во Пиринска Македонија во 1946 година. Зарем мислите дека јас како негова ќерка би се заложила за бришење на историјата во полза на Бугарија? Моите национални чувства, мојот патриотизам никогаш не биле спорни. Повторно ли некој сака да не стави во позиција и да дели на патриоти и предавници!? Јас одбивам да учествувам во таква дискусија. Јас можам да зборувам само за стручниот дел, за придобивките на оваа реформа.

Напротив, сега професорите по историја ќе имаат можност да понудат изборни предмети, и уште повеќе да ги заинтересираат и научат учениците за историјата. Доколку на пример, учениците покажуваат повеќе интерес за некој историски настани, личности или периоди, професорот по историја ќе биде во можност да понуди свој дополнителен изборен предмет, со кој ќе се задоволат интересите на учениците.

Секако, овие изборни предмети само ќе се надоврзат на основните содржини и теми од историјата. Да нагласам, наставната програма по историја ќе ја пишуваат историчари; тоа така било и така и ќе остане. Тие ќе одлучуваат што ќе се учи, а ние како педагози и психолози сме тука да им помогнеме да го најдат правилниот приод кон реализација на наставата.

Целото интервју на Локално.мк.

Next Post
Фото: Dnevnik.hr

(ВИДЕО) Силен земјотрес од 5 степени ја потресе Хрватска, има материјални штети

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk