ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Со Договорот за грант за изградба на градинка, Општина Битола го проширува капацитетот за 152 деца, а во тек е изградба на 15 нови градинки за 1900 деца

December 28, 2020 15:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска потпиша Договор за грант со градоначалничката  на Општина Битола, Наташа Петровска, согласно проектот за изградба на нови, надградба или адаптација на постоечките објекти за згрижување и воспитување на деца на предучилишна возраст во општините, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Договорот за грант со општина Битола се однесува за изградба на нов објект како дел од Јавната установа за згрижување на деца од предучилишна возраст „Мајски цвет“ од Битола, со површина од 810 м2 и максимален  капацитет од 152 деца, организирани во осум воспитни групи.

„Како Министерство но и како Влада продолжуваме со политиките на отворање на нови места во градинките со цел поголем опфат на деца во нив. Предучилишното образование претставува првиот чекор  со кој што дечињата влегуваат во системот, почнуваат да ги стекнуваат основните навики, се дружат, учат и притоа низ целиот процес ги водат стручни компетентни кадри,“ истакна министерката Шахпаска.

Таа потенцираше дека од почетокот на мандатот до сега отворени се 6 нови градинки со опфат на 416 деца, во финална фаза се уште 4 градинки со капацитет од 200 деца, а во тек на  изградба се 15 нови градинки кои ќе опфатат нови 1900 деца.

„Остануваме посветено да работиме на крајната  цел, зголемувањето на процентот на опфат на деца во предучилишните установи на 60 отсто, односно дополнителни 7500 деца во градинките до крајот на мандатот,“ потенцираше министерката Шахпаска.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска ја истакна одличната соработка на локалната со централната власт, за што потврдува и оваа капитална инвестиција во вредност од 48 милиони денари или 56 милиони денари со вклучен ДДВ.

„Најсуштинската инвестиција е насочена кон нашите млади, кон нашата иднина, децата,“ потенцираше градоначалничката.

 

Next Post

Премиерот Заев во Тетово: Ја намалуваме сивата економија која штети на државата, на реалниот сектор и на граѓаните

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk