Индонезиските истражувачи пронајдоа апарат за откривање на инфекција на коронавирус преку здивот на пациентот.
-Министерството за здравство на Индонезија на 24 декември му издаде дозвола за дистриубуција на уредот „GeNose C19“ што наскоро ќе почне масовно да се произведува, изјави денеска министерот за истражување и технологија Бамбанг Бродјонегоро.
„Ќе го произведуваме уредот за јавна употреба, за економските активности да можат непречено да се одвиваат, истовремено спречувајќи го пренесувањето на потенцијалниот вирус“, додаде Бамбанг на виртуелна прес-конференција, пренесе агенцијата Анадолија.
Истражувачки тим од универзитетот „Гаџа Мада“ го развиваше „GeNose C19“ во последните девет месеци, додаде тој.
Бамбанг кажа дека овој уред ќе се користи само со цел брзо да се открие вирусот и дека коронавирусот и натаму ќе се дијагностицира со ПЦР тестови. /МИА/