На социјалните мрежи масовно се споделува фотографија од земјотрес во Италија, на која пишува дека е од разорниот потрес кој вчера ја погоди Хрватска. На фотографијата се забележува дека градот е речиси срамнет со земја, но пристигнаа првите реакции да не се споделува, бидејќи не се работи за Петриња, иако состобата во градот е доволно сериозна и потресна. Фотографијата ја споделија многу медиуми, но станува збор за лажна вест.
Граѓани на Хрватска дури замолија да не се реобјавува оваа слика бидејќи е лажна информација и ги дезинформира и плаши луѓето.
Фотографијата е споделувана на целиот Балкан, па дури и во неколку македонски медиуми. Сепак, брзо беше објавено дека истата не е автентична и дека станува за Италија.
Во вчерашниот земјотрес во Петриња и околината, загинаа седуммина, а потрагата траеше цела ноќ. Нови потреси се почувствувани и рано утрово.
И.З.