ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: ЕК нотира добар напредок во реформите на правосудството, но случаите од СЈО и за корупција мора да бидат затворени

December 30, 2020 11:55
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Врвен приоритет на министерството за правда е враќањето на довербата во правната држава. Тоа е и приоритет во акцискиот план на  Владата за следната 2021 година. Довербата може да се врати само преку ефикасно судство и јавно обвинителство. како прв човек на министерството за правда сум навистина задоволен што Европската комисија во последниот извештај ја поздравува имплементацијата за досегашните реформи во правосудството, рече министерот маричиќ на денешната прес-конференција за методологијата за проверка на работата на правосудството, на која покрај него учествуваа и Јавниот обвинител, Љубомир Јовески и претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

Тој нагласи дека во Европската комисија во својот извештај нотира добар напредок во областа правосудството во нашата земја.

„Европската комисија во својот извештај нотира добар напредок во областа правосудството во нашата земја. Како резултат на реформите воспоставени се механизми кои обезбедуваат независност и отчетност во работата на правосудството. особено е поздравена проактивната работа во работата на Судскиот совет кој во неколку наврати застана во одбрана на независноста на судеството, а истото важи за работата на обвинителството.“, подвлече Маричиќ.

Министерот истакна дека сепак во извештајот на ЕК се наведува дека е потребно случаите за висока корупција и организиран криминал, вклучително и оние кои ги отвори поранешното СЈО  да бидат затворене, односно да имаат правосилни пресуди.

„Во изминатиов период бевме сведоци дека некои предмети се одлагаа, застаруваа а за некои целиот процес се одвиваше многу бавно. Токму затоа ЕК препорачува дека треба да се продлжи со козистентно спроведување на стратегијата за реформа во правосудниот сектор и имплементацја на правната рамка од клучни чинители со што ќе се придонесе во зголемување на довербата во правосудниот систем.“, , рече Маричиќ.

Тој нагласи дека во извештајот е потенцирано дека е потребана цврста посветеност за независност на судскиот систем за да се заштити од каков и да е ризик на мешање и користењето на постојните механизми за проверка на професионалноста и интегритетот на судиите и јавните обвинители.

„Од ЕК се препорачува брзо да се усвојат подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за совет на јавни обвинители, Законот за јавно обвинителство за да може советот да ги извршува новите надлежности по моднос на назначување и унапредување како и дисциплински постапки против јавните обвинители и да презема мерки за одговорност.“, истакна на денешниот прес министерот за правда Маричиќ, осврнувајќи се во делот на извештајот на Европската комисја за напредокот во реформите во правосудството во нашата држава.

J. Ѓ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk