„Срамота е што си дозволувате воопшто вакво прашање, секако дека негирам било каква инсинуација која што сакавте да ја постигнете. Вие го поминавте г.Мицкоски по рејтинг ама изгледа и мене сакате да ме поминете, само кротко, полека. Вака не се бидува лидер г.Апасиев, ако имате доказ директно во јавност земете и извадете, не можете да кажете дали е вистина или шпекулација и ќе земете ќе обвините плус ќе излажете а, притоа ќе избегнете одговорност.” – му се обрати премиерот Заев на претседателот на Левица, Димитар Апасиев на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
“Лидер вади докази директно во јавноста, имаше такви лидери, бомбите и сите доказни материјали кои лидер во опозиција ги вадел директо пред јавноста. Тоа е исто како јас сега да ве прашам дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите неопходни ресурси за време на последните избори, логистички и материјални само да одземате гласови од ВМРО-ДПМНЕ за да ја спасиме државата од Мицкоски и притоа да дадете директно одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме понатаму да продолжите да не поддржувате ако освоите пратеник ,а не вака.”
“Така што вака поставени реторички прашања во делот дали е вистина или шпекулација нема да ве однесе на никакви лидерски позиции односно, вие можете да дадете убава идеја, левичарска, која што на нас би ни дошла добредојдена од помош во сите левичарски амбиции кои што ги имаме ,но вака не. Ве гледам се борите, живогребно, сам сте и тоа е во ред, но вака реторички никако не оди. Вака нема да постигнете ништо, заради тоа што ова никако не му личи на политичар, пратеник ,а на претседател на политичка партија воопшто.“ – изјави премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев