Тажен ден за Македонската музичка сцена, на 53 годишна возраст си замина Џорлев виртуозот со виолината. Семејството и пријателите се простуваат од него на социјалните мрежи.
Според сознание на тимот на Фронтлајн,причина за смртта на македонскиот виртуоз се компликации предизвикани од коронавирусот, со кој бил инфициран
Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството.Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“.
Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.
Ќе остане запаметен по своите маестрални изведби, како магионичар со виолината – и неговиот квалитет и талент засекогаш ќе остане врежан во темелите на нашата култура.
Нека почива во мир.