На гинеколошкото одделение во Прилепската болница дури изутрината, околу 9:30 часот се роди првото, и тоа, женско бебе, второ на среќната мајка Ангелка Георгиева.
– Поминавме прекрасно. Тимот беше прекрасен. Пресреќна сум, моето бебе е здраво и живо. На сите им посакувам среќни празници и годинава да биде далеку подобра од претходната и сите да сме здрави и живи. Инаку, веќе го одбравме името на нашата ќерка, ќе се вика Инес, изјави среќната мајка Ангелка Георгиева.
Педијатарката Ана Ѓорѓиоска, заедно со персоналот се среќни што има нов живот и посакува среќна и здрава година за сите.
– Се надевам дека годината ќе биде среќна и бериќетна. Им посакувам на сите граѓани годинава да им биде многу поубава и среќна, вели Ѓорѓиоска.