Скопјани деновиве се сведоци на прекрасни глетки од нивните балкони кон околните планини. Пролетното време ги раззелени и тревниците, а омилените места како Водно, Градски Парк, Сарај и Гази Баба се преполни како да е месец март.
Чистиот воздух овозможи и спектакулрани глетки кон полната месечина која се појави за нова година.
Топлиот бран започна во деновите пред Нова Година, а и целиот месец декември помина без подолги периоди на надминати вредности на мерните станици.
Мерните станици на последниот ден од 2020 и на првиот од 2021 година, даваат и најавуваат охрабрувачки резултати.
Впрочем, оваа зима сè уште не се воведени итни мерки како резултат на зголемена загаденост, нешто на што навикнавме последните неколку години.
фото: Жарко Трајаноски
подготвил: Ј. Ѓорѓиоски