ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Пописот е насушна потреба, да ги задоволиме правата на еднаквост сите да учат на мајчин јазик, да слушнеме и да прифатиме што е најдобро за учениците, смета Заев…

January 4, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Царовска: Со воведување на кариерен напредок го враќаме достоинството на наставниот кадар. Првиот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање ментор, веќе е објавен на веб страницата на МОН. Ги охрабрувам наставниците кои ги исполнуваат условите да се пријават“, напиша Царовска.

Заев: Продолжуваме да градиме училишта за еднакво учење на сите граѓани на мајчин јазик.  Не штедиме средства да се изгради ново училиште се со конечна цел да ги задоволиме правата на еднаквост на сите граѓани за употреба на својот мајчин јазик при школување на децата, рече Заев, посочувајќи дека се изработени проектни документации и се алоцирани средства за изградба на училишта во Чашка, Бутел, Блаце…

Подготвени сме да слушнеме и да прифатиме се што е најдобро за учениците.  Ако тргнеме од принципот кај се гледам јас, што со моите часови, дали на факултетите ќе се одржат таквите катедри и наставни програми, а при тоа не ни се важни дечињата нема да стигнеме никаде, рече Заев во одговор на прашање по денешниот увид на вселувањето на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во новата зграда.

Процесот на прочистување на судството ќе биде успешен. Важно е што извршната власт не е таа која треба да чепка, да помислува или да се инволвира на каков било начин во работењето на судовите или обвинителите. За тоа има надлежни институции – Судскиот совет и Советот на обвинители, порача денеска премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање.

Пописот е задолжителен и е насушна потреба. Нема проблем, зашто државата во 2031 година пак ќе прави попис и ќе видиме кој тогаш ќе биде власт, изјави Заев во одговор на прашање по увидот на вселувањето на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во новата зграда.

Тутунарите, жртви на партиски протести, еден од организаторите е „техничкиот заменик“ Цветан Трипуновски. Самите тутунари остро реагираат на овие проѕирни методи на вмровците да профитираат среде постапката за откуп на тутунот. Резултатот е само уште една утната операција за стекнување политички профит.

Oткупот на тутунот продолжува, просечната цена 166,8 денари. Тутунот се откупува на сите откупни пунктови. Тутунарите сакаат да го предадат родот, зашто времето им истекува. Ги повикуваме фирмите да ја зголемат динамиката на откуп, за луѓето да може да го предадат и оној вишок тутун што го имаат и да биде преземен во законскиот рок, изјави претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски.

Прв јавен повик за наставници од основни училишта за напредување во звање „ментор“. Првиот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање „ментор“ е објавен на следниот линк. Повикот предвидува конкретни квоти за секоја општина, односно колку најмногу наставници во текот на оваа календарска година можат да напредуваат во соодветното звање.

Во Србија пристигнуваат 19.500 вакцини, од утре имунизација на здравствените работници. – До крајот на неделава планираме да вакцинираме околу 11.000 лица, со тоа што половина од вакцините се доделени на здравствени работници, а половина на геронтолошки центри и институции за социјална заштита, изјави Ѓерлек.

Полска започна истрага поради вакцинирање познати преку ред. Полска започна со вакцинација на 27 декември, а први на приоритетната листа се здравствените работници. Меѓутоа, во меѓувреме е откриено дека 18 славни личности, вклучително и неколку актери и поранешниот премиер, ја примиле вакцината во болницата во Варшава преку ред, објави „Гардијан“.

Од 1 јануари досега во Франција се вакцинирани само 516 луѓе, Макрон под удар на силни критики. „Она што го гледаме е владин скандал“, рече Жан Ротнер, претседател на регионалниот совет на Гранд Ест, каде има голем скок на инфекции со Ковид-19.

(ВИДЕО) Најдобри 20 нови ТВ серии во 2020 година.

И.Т.З.
Next Post

Најубавата личност на светот за 2020 е 19-годишната Јаел од Израел

НАЈНОВО

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk