Република Северена Македонија, ќе добие 800.000 вакцини против Ковид 19, од прозиводителот Фајзер. Министерот за здравство Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид 19. Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.
Нашата земја навремено почна со подготвоките за вакцинација против Ковид 19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.
Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а истите во нашата земја ќе пристигна месецов.
Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.