Премиерот Заев во Дневникот на Сител вели дека Владата има најава дека од Кина уште во текот на овој месец може да бидат испорачани 200.000 вакцини.
„Ќе видиме кои се условите. Кина има пет вакцини кои ги поминале фазите и тие веќе се дистрибуираат надвор од Кина и две во фаза на тестирање. Чекаме и од ЕУ од Ковакс механизмот, од кои 100 милиони вакцини се за Западен Балкан“, истакна премиерот во интервју за ТВ Сител.
Заев вели дека не се знае точниот број на вакцини кои ќе пристигнат од европските земји и од нашите соседи, бидејќи и тие што ветија дека ќе издвојат дел за Македонија, како Австрија, Полска, Бугарија, и Грција, добиле десет пати помали количини од најавените.
„Ветено дека ќе добиеме одредени количини, тоа е европска солидарност, тие ги добија првите количини, а веќе стасуваат и вторите количини во најави. Само пет проценти ако споделат со Западен Балкан, заедно ќе одиме со ЕУ со задоцнување од една недела или две зад нив“, рече Заев, нагласувајќи дека е најважно да стигнат вакцините до граѓаните и Македонија има средства да набави вакцина, од било која група.
Според него, важно е вакцините да стигнат на време.