ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Згрозување и морални осуди се недоволни! Омразата е казнива, и за мразачите и за тие што ја дозволуваат!

January 4, 2021 11:26
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Додека е јавноста згрозена со коментарите полни омраза за пожарот во „Глобал“, д-р Караџоски, самоубиството на дипломатката… да потсетам, иако сум можеби здодевен:

Повеќе од деценија, стотици луѓе во земјава, јавни личности, новинари, интелектуалци, професионалци во различни области, се секојдневни жртви на говор на омраза. Не ретко, тој преоѓал и во вистинско насилство. За тоа нема речиси никаква одговорност. Резултатите на таа неказнивост, но и на молкот и „одобрувањето“ на голем дел на општеството кон омразата, ги гледаме сега во изразена форма.

Но, не се секирајте. Ова што го гледате и од што се згрозувате, доколку нема силна институционална акција, пред сè од заспаните правосудни органи што со години избегнуваат акција во оваа сфера – е само почетокот. Ако вака се продолжи, не ни се далеку „долгите ножеви“, кристалните и вартоломејските ноќи.

Не заборавајте, за коментарите со говор на омраза што ги читате на страници на медиуми, политички партии итн, одговорноста не е само на мразачите, туку и на сопствениците на тие страници, односно оние што ги уредуваат и имаат моќ да бришат или оставаат коментари.

Да потсетам, за ова има и пресуда на Судот во Стразбур, кој им даде за право на естонските власти за изречените казни кон медиумот „Делфи“ за коментари на читатели полни омраза во секцијата за коментари.

Кој е виновен за омразата? Вината е секогаш „несакан“ сирак. Но овојпат мора да и најдеме и „родители“, а и тие родители да понесат одговорност.

Барајте ги виновниците во партиите и политичарите што охрабруваат, с’скаат и хушкаат омраза и насилство. Добро знаете кои се тие.

Барајте ги во медиумите што го прават истото тоа. И тие се добро познати на јавноста. Не се ни трудат да се кријат, туку се горди и се фалат со својата омраза.

Барајте ги во разно-разните јавни личности, кои кога мразат на јавна сцена, добиваат овации и аплаузи (или лајкови, шерови) од опиените онлајн толпи за линч.

Барајте ги во образованието и дел од оние што наместо млади луѓе отворени кон различностите на светот и полни со емпатија, градат неписмени и исфрустрирани мразачи.

Барајте ги и казнете ги виновниците! Пред да биде доцна. Овој вирус и овој пожар гори одамна, а никој ниту гаси, ниту лечи. Згрозувањето одамна не е доволно!


Текстот е личен став на Авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

Маск се подбива со Трамп за случајот Епстајн: Каде е ветената листа на клиенти?

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk