ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

И натаму ќе се бара соодветна просторна можност за Антикорупциската комисија, вели Заев

January 5, 2021 13:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Не се откажуваме, и натаму ќе бараме соодветна просторна можност за Антикорупциската комисија, рече денеска премиерот, Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања.

Според него, оваа Влада покажува комплетно почитување на сите регулаторни тела во државата, а конкретно, на ДКСК, со новиот Буџет, за 2021-ва, едногласно и се одобрени дополнителни 38 милиони денари за доопремување и модернизирање.

-Оваа Влада покажува комплетно почитување на сите регулаторни тела и контролни механизми, пред се на Антикорупциската комисија, и по нејзини укажувања државата има постапено неколку пати и секогаш сме за пример во делот на постапувањето независно дали било за вработување и судир на интереси за одредени луѓе во минатото или за одредени директори за кои беше јавно укажано и Владата направи разрешување. Тоа е докажано, јавно познато. Сега, со новиот Буџет, беше вклучена претседателката на Комисијата на седница на Влада. Побара дополнителни средства за доопремување и модернизирње на ДКСК и нејзиното работење, од 11 милиони денари кои беа предвидени се побараа дополнителни 38 милиони. Владата имаше дискусија, но едногласно ги одобри тие средства, рече Заев.

Остануваме, додаде премиерот, подеднакво да им служиме на сите институции, независно дали се владини, правосудни, од локалната самоуправа или регулаторни тела и комсии.

-Разликата е во тоа што првиот потпретседател на Владата, Артан Груби и многу други министри направија откажувања од помалку продуктивни трошоци, реалокација на самите трошоци и вративме кредит на ПУИГ. Кога одите со давање на други институции, како Антикорупциската или Јавно обвинителство, судови, ја немате таа можност и тоа се сосема два различни модели на решавање на просторни услови. Не се откажуваме, и натаму ќе бараме соодветна просторна можност за Антикорупцикста комисија зашто и опремата што ја набавуваат е мобилна (компјутери, софтвери, програми). Ќе постапуваме понатаму, колку ни се допаѓала или не работата на ДКСК. Тоа е сепак тело бирано од Собранието и одговорност на сите. Наше е да им помагаме на сите инститруции, објасни Заев.

Според него, ќе се разгледаат и соодветни други просторни можности за да им се излезе во пресрет на многу институции кои барат дополнителниетлни простори.

-Вчера кажав неколку, а постојат десетина вакви институции кои бараат трајно решение. Само ако влезете во второстепените комисии каде што се одлучува за илјадници предмети на граѓаните секој ден, ќе видите колку се лоши условите и за многу други институции, што го крева алармот час поскоро да обезбедиме простор соодветен за ефикасно и успешно работење, напомена премиерот Зоран Заев по забелешките на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со кое раководи вицепремиерот Артан Груби е сместено во зградата каде требаше да биде Антикопциска.

 

/МИА/
Next Post

Хилари Даф добила очна инфекција од честите корона-тестови

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk