Додека 2020 година ќе остане запаметена најмногу по начинот на кој КОВИД-19 ги смени нашите животи во скоро секој поглед и во секој дел од светот, сепак направивме некои големи чекори за правата на жените и родовата еднаквост. Од новите закони што се однесуваат на семејното насилство и еднаквоста, до критичкото лидерство на жените за време на глобалната пандемија, без сомнеж може да прославиме неколку клучни моменти за родова еднаквост изминатава година.
Добро раководење на државите
Владите низ целиот свет вешто работеа да одговорат на предизвиците од КОВИД-19, но повеќе истражувања сугерираат дека во земјите водени од жени, одговорите биле побрзи, поефикасни и посилни. Во земјите со жени лидери, вклучувајќи ги Нов Зеланд, Германија, Финска, Бангладеш и повеќе, брзите и одлучни активности на одговорните жени доведоа до помали случаи на новозаразени и помала смртност.
И покрај тоа што КОВИД-19 ја покажа важната улога на жените во лидерството и донесувањето одлуки, заклучно со декември 2020 година, во светот, за жал има само 22 земји со жени кои служат како шефови на држави или влади. Додека гледаме напред кон подобро градење на иднината, раководството на жените без никаков сомнеж е клучно за успехот.
САД избра прва жена – потпретседателка на државата
Во ноември, Камала Харис стана првата жена избрана за потпретседател на Соединетите држави, рушејќи ги силните бариери што ги држеа мажите вградени во највисоките нивоа на американската политика за многу години.
По нејзиното положување заклетва во јануари 2021 година, таа ќе се приклучи во редовите на другите жени потпретседатели низ целиот свет, во земји како што се Бугарија, Никарагва, Либерија, Костарика, Венецуела, Гамбија, Јужен Судан и други.
Нов Зеланд ја именува првата домородна жена министер за надворешни работи
Нанаја Махута стана првата домородна жена назначена за министер за надворешни работи на Нов Зеланд во Ноември. Махута, која е Маори, и за првпат беше избрана за парламент во 1996 година, претходно влезе во историјата како прва жена член на парламентот што носеше ,,моко кауа”, или традиционалнa тетоважа на брадата.
Нов Зеланд исто така го има еден од најразновидните парламенти во светот, предводен од премиерката Јаcасинда Ардерн, при што скоро половина од пратениците се жени, а околу 10 проценти од парламентарците што доаѓаат се членови на ЛГБТК заедницата.
Шкотска ги направи производите за менструалниот циклус бесплатни за сите
Шкотскиот парламент едногласно гласаше за нацрт-законот за менструални производи во ноември, со што Шкотска стана првата земја што овозможи слободен и универзален пристап до производи за менструација, вклучително и тампони и влошки во јавни згради, вклучително и училишта и универзитети.
Ова претставува значајна победа за глобалното движење против периодичната сиромаштија, што влијае на жените и девојчињата на многу начини. Со 12,8 проценти од жените и девојчињата ширум светот кои живеат во сиромаштија, трошоците за менструални производи и даноците оставаат многумина без начини за безбедно и достоинствено справување со нивниот менструален циклус.
Имињата на мајките да бидат вклучени во личните карти на децата во Авганистан
Во Авганистан, претседателот потпиша нов закон во кој се наведува дека за прв пат мајките ќе бидат именувани на изводите и личните карти на нивните деца, што ќе им го олесни на жените образованието, здравствената заштита и другите документи за своите деца. Промената особено ќе им користи на жените кои се вдовици, разведени или на друг начин сами растат деца.
Новиот закон доаѓа по едногодишната кампања на социјалните медиуми “#Каде е моето име,, , залагајќи се за правата на жените и зајакнувањето во земјата.
Светските лидери ја разгорија визијата за платформата за акција од Пекинг
Во октомври 2020, заедно со Претседателот на Генералното собрание и Обединетите жени, лидерите дојдоа заедно да ја одбележат 25-годишнината од Декларацијата на Пекинг и Платформата за акција, најсеопфатниот патоказ за унапредување на родовата еднаквост.
Над 100 земји се обврзаа на конкретни активности што ќе ја забрзаат реализацијата на родовата еднаквост и зајакнувањето на правата на жените и девојчињата насекаде низ светот. Некои од обврските вклучуваат елиминирање на дискриминаторските закони, социјалните норми и родовите стереотипи, усогласување на обврските за родова еднаквост со соодветно финансирање и зајакнување на институциите за унапредување на родовата еднаквост, искористување на потенцијалот на технологијата и иновациите за подобрување на животот на жените и девојчињата, и редовно ажурирање, анализирање и користење на родова статистика. Гледајќи напред, сите погледи се насочени кон стабилните активности и заложби за брза примена на родовата еднаквост.
Еднаква плата за жените фудбалери во Бразил и Сиера Леоне
Бразил и Сиера Леоне им се придружија на Австралија, Англија, Норвешка и Нов Зеланд јавно обврзувајќи се за еднакви плати за фудбалерите жени и мажи. На глобално ниво, родовиот јаз во платите изнесува 16 проценти, што значи дека жените работнички заработуваат во просек 84 проценти од она што го заработуваат мажите. За жените во боја, имигрантите и жените со деца, разликата е уште поголема.
Во Сиера Леоне, заложбата за еднаквост ги опфаќа надоместоците за освојувањето бонуси за националниот тим на жени. Слично на тоа во Бразил, на женските репрезентативци ќе им се исплатат исто како и на машките репрезентативци во подготвителните периоди и игрите.
Кувајтскиот закон за семејно насилство сигнализира надеж за жените
Во септември, Кувајт издаде нов закон за заштита од семејно насилство, по повеќегодишниот активизам од групите за заштита на правата на жените во Кувајт. Законот создава национален комитет за пишување политики за борба против семејното насилство и заштита на жените. Исто така, воспоставува засолништа и телефонска линија за примање поплаки за семејно насилство, обезбедува советување и правна помош за жртви и дозволува наредби за итна заштита за да се спречат насилниците да контактираат со своите жртви.
Иако новиот закон за заштита на семејството е чекор напред за земјата со високо ниво на домашно насилство, останува уште многу работа во спроведувањето на законот, пополнувањето на празнините на заштитата и укинувањето на дискриминаторските закони. Во светски рамки, како хит на пандемијата COVID-19, постојаната пандемија на насилство врз жените драматично се зголеми. Повиците се зголемија за пет пати во некои земји во текот на првите недели од епидемијата на коронавирусот. Истражувањата покажуваат дека на секои три месеци можен локдаун, дополнителни 15 милиони жени би можеле да доживеат насилство.
Првото дете на годината на „TIME” ја слави моќта на девојчињата и жените во науката
Петнаесетгодишната Гитањали Рао, беше избрана за прво „дете на годината“ на списанието TIME. Уште од рана возраст, Рао размислувала како да ги искористи науката и технологијата за да создаде социјални промени, мотивирани од нејзината желба да воведе позитивност и заедница во светот околу неа.
Таа ја разви „Kindly”, апликација и екстензија на Chrome заснована на вештачка интелигенција што е во состојба да открие компјутерско малтретирање во рана фаза. Рао моментално работи на ефтино и прецизно средство за откривање на био-загадувачи во вода.
Две жени ја носат дома Нобеловата награда за хемија
Во октомври, Емануел Шарпентие и Џенифер А. Дудна добија Нобелова награда за хемија за нивната работа на начин на уредување на ДНК, позната како Crispr-Cas9. Двајцата научници водеа напори молекулите направени од микробите да ги претворат во алатка за прилагодување на гените.
Заедничката победа на д-р Шарпентие и д-р Дудна е прв пат во историјата наградата да ја добијат две жени, а тие се само едни од малкуте жени кои ја добиле Нобеловата награда за хемија.