Италијанскиот саксафонист Даниеле Витале и малата виртуоза на виолина, Каролина Протсенко, со дует изведба на мега хитот од Ед Ширан „Perfect“.
Даниеле Витале е уникатен италијански саксофонист и баскер (уличен уметник) кој се појавува со видеа од неговите улични перформанси, а светот најмногу го запозна со „карантиската изведба“ на „Бела Чао“, свирена од неговиот балкон во Неапол.
Младата 12 годишна Каролина Протсенко е родена во Украина, а во 2015 година заедно со нејзиното семејство се преселува во САД и живее во Санта Моника. Како што објавува нејзината мајка, Каролина свири од својата шеста година, а веќе на осум години почнува со уличните свирки. Каролина свири повеќе од 200 преработки од популарни песни.
Даниеле и Каролина имаат повеќе виртуелни дуети. Тој свири низ целиот свет, но најмногу од Неапол и бреговите на Тиренското Море и Капри, Каролина од својот дом илиците и околината на Санта Моника.
Видеата на овие виртуози на социјалните мрежи се со вртоглави милионски бројки на посетеност. Даниеле Витале во овој момент само на неговиот Јутјуб канал има 3.2 милиони „претплатници“, а малата Каролина има повеќе од 7 милиони следачи само на нејзината Фесбук страна.
Ј. Ѓорѓиоски