ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност, рече Маричиќ, СДСМ ќе избира претседател на партијата на непосредни внатрепартиски избори

January 6, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност. Очекувам сега, владиката Петар, за доброто на државата да ги повика верниците масовно да го поддржат пописот, напиша на својот профил на Твитер, министерот Маричиќ. Министерот за правда ова го напиша како реакција на владиката Петар кој изјави дека ако нема графа за верска припадност во пописните листи ќе го повикаат народот на бојкот.

Оваа година, претседател на партијата ќе се избира на непосредни избори, со можност за одлучување и гласање на секој член. Во оваа насока започнува постапка за ажурирање на базата на податоци и регистрација на членовите на СДСМ. Во обраќањето пред членовите на Централниот одбор претседателот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека СДСМ, како владејачка партија, годината ја започнува со нова енергија, подготвена за сите предизвици со кои е соочена државата.

Година на рестарт и заживување во 2021, најавува премиерот Зоран Заев, во која клучни ќе бидат капиталните инвестиции, инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и земјоделството, но ќе има и соодветен одговор на предизвиците. Појасни дека околу 10 јануари ќе се согледаат сите аспкети за здравственото влијание на кризата, а преку тоа и економските последици. Очекуваме во јануари да се развие дебатата, а во февруари ќе се носат мерките. Сакам да ве уверам дека Владата долг период работи на создавање услови за излез од кризата која треба да се искористи како неповторлива, уникатна можност за економски скок. Лична потрошувачка на граѓаните, како што рече премиерот, е најголем дел од БДП во државата и верува дека во иднина ќе биде се поголема и поголема заради тоа што нашиот народ ќе биде економски помоќен.

Општина Струмица со сите ресурси е ставена на располагање за помош на сопствениците и корисниците на деловните објекти кои претрпеа штети од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“, објави на Фејсбук, градоначалникот на Струмица Коста Јаневски. Сопствениците и корисниците беа детално информирани за спроведување на законската постапка за поднесување барање за финансиска помош од државата. Општина Струмица им отстапува една просторија во општинската зграда на сопствениците и корисниците каде што ќе можат заедно со членовите на Општинската комисија, точно и навреме да ги пополнат формуларите, а веќе пополнатите формулари, се доставуваат до Општинската комисија која како збирен извештај го доставува до Советот на општина Струмица и по неговото усвојување ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети, а ќе биде даден на разгледување и во Бирото за судски вештачења.

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски, е оптимист дека и покрај ваквата година, домашниот туризам ќе успее да влее повеќе од 200 милиони долари. Вучерите, оценува Јаневски, го дадоа својот ефект и ја ублажија состојбата, а Агенцијата наскоро ќе излезе со предлог до Министерството за економија да се зголеми нивниот обем и да се овозможи опфат на што поширока целна група домашни туристи.

Две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство. Пресметките покажуваат дека синдикалната минимална кошница од месец во месец расне  што значи дека се зголемуваат трошоците на живот на работниците.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 година се бележи намалување на бројот на нови позитивни случаи, на починати, како и на бројот на тестирани на коронавирус во однос на неделата пред неа. Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 84.709, бројката на оздравени пациенти е 64.104, а на починати 2.559.

Светска банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто и за наредната 3,5 отсто. Според Светска банка растот во Западниот Балкан се очекува да се забрза до 3,5 отсто во оваа година, во услови на враќање на довербата на потрошувачите и бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.

Италијанскиот саксафонист Даниеле Витале и малата виртуоза на виолина, Каролина Протсенко, со дует изведба на мега хитот од Ед Ширан „Perfect“. Даниеле Витале е уникатен италијански саксофонист и баскер (уличен уметник) кој се појавува со видеа од неговите улични перформанси, а светот најмногу го запозна со „карантиската изведба“ на „Бела Чао“, свирена од неговиот балкон во Неапол. Младата 12 годишна Каролина Протсенко е родена во Украина, а во 2015 година заедно со нејзиното семејство се преселува во САД и живее во Санта Моника. Како што објавува нејзината мајка, Каролина свири од својата шеста година, а веќе на осум години почнува со уличните свирки. Каролина свири повеќе од 200 преработки од популарни песни.

 

М.М.
Next Post

ИФИМЕС: Кој го загрозува Балканот?

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk