Шумер и другите во и надвор од владата говорат за шокантните сцени во средата во која лутата и вооружена толпа разбеснета од Трамп ја надмина безбедноста во американскиот Капитол, дивеејќи со часови и нарушувајќи ја постапката во која Конгресот на крајот потврди дека Џо Бајден го победил Трамп на изборите на 3 ноември и дека ќе биде следниот претседател на Америка.
Трамп почна „целосен напад“ врз демократските институции во државата, нагласи денеска новоизбраниот американски претседател Џо Бајден. Тој ги нарече демонстрациите пред Капитол еден од „најцрните денови“ во историјата на САД.
Полицијата во Вашингтон уапси 68 лица во врска со вчерашиот упад на Капитол. Повеќето од нив се уапсени во зградата на американскиот Конгрес, изјави шефот на полицијата Роберт Конти.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-88, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-13, Струга-11, Велес-1, Охрид-13, Кавадарци-4, Гостивар-7, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-2, Виница-1, Кичево-2, Неготино-2.
Членови на администрацијата и блиски соработници на американскиот претседател Доналд Трамп поднесоа оставки или најавија оставки денеска, ден откако приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, а неговиот министер за внатрешна безбедност побара да го осуди насилството на неговите приврзаници.