ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Зошто одма ни беше јасно која песна се пее во американскиот Капитол?

January 7, 2021 16:28
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Ни се допаѓало тоа (нам или уште помалку на Американците), или не, вчерашните насилни упади на демонстрантите во американскиот Капитол, се пресликана беда и мизерија на она што ни се случуваше нам со организираниот упад на „патриотическите“ организации, чии најистурени војници ене ги затворени ем прелажани од нарачателите, го кркаат додека овие се сликаат со старлети по јахти и го прчат на лепом плавом Дунаву или во белата палата.

Дури и иконографијата или попрецизно – костимографијата што ја видовме кај оние што упаднаа вчера во амерички Капитол, многу потсетува на онаа од македонското Собраниe – нашите на главите носеа антички кикиришки, оние душбези имаа рогови од бафало. Не случајни се оние фото-монтажи од измешани америчко-македонски сцени, кои вчера фрштеа на социјалните мрежи, едноставно народот тоа импулсивно така го доживува.

Мене искрено не ми требаше фотомонтажа за во рогатиот бафало-душбег го видам некој пеец или од тие со црните качулки, или во тие другите со конфедерациски знамиња, да го видам оној со истетовираните ликови на Грујо и Мијалков на градите, или Крсто и Бетмен како дел од толпата во америчкиот Конгрес…

Од друга страна кога ги видов тие снимки и фото-монтажи ми навираа испомешани чувства и сеќавања. Ем бев лут што една таква 250 годишна традиција на силна демократија успеа да клекне на колена од само еден човек, а уште повеќе од тоа што сами си го изгласаа таков еден абдал кој не криеше ни кој е ни што е ни кои се неговите визии и како планира да ја распартали државата, ем се сеќавав на нашиот 27 април. Ајде, ние бевме здраво нагазени, ама америве, каде се пулеа, кога тој отворено се залагаше за изградба на (појмна немам колку метари висок) ѕид долж границата со Мексико пред да го изберат за претседател, да не ги спомнувам неговите расистички и мизогини испади. Се сеќаваме и на неговото налудничаво негирање на опасноста од коронавирусот, а сето тоа додека пред негови очи коронавирусот земаше илјадници животи дневно. Социјалните мрежи на неколу пати мораа да му го суспендираат профилите зашто човекот ширеше лажни вести и дезинформации и, внимавајте, сето тоа го правеше од позиција на претседател на најмоќната држава во светот. Што уште требаше да ни/им е јасно на каде тера овој батка?

Ова сето што се случи вчера, беше толку очигледно и нормално како след на настани, но едноставно никој од „интелектуална“ Америка не помислуваше дека може ним да им се случи, да оди дотаму и толку да ескалира.

Дали можеме да тргнеме некоја друга паралела со она што ни се случуваше, нам во Собрание на 27 април?

Секако дека не.

Само мала компарација, на нешто што реално гледано не е за споредување.

Републиканците за разлика од овдешните дпмнеовци не застанаа позади Трамп во критичкиот ден. Безмалку сите од врвот на Републиканската партија го посочија Трамп како причина за насилството и во клучните моменти го повикаа да го сопре, а не само да дадат бегла осуда за насилството. За разлика од тоа, кај нас јаден Мицкоски и пола тогашно раководство или беа внатре во Собрание, или даваа насоки на бандитите како да тепаат. Оној Чавков кој требаше да го брани Собранието, неколку часови се правел мутав и намерно одолговлекувал за да има време овие да тепаат. Ова ДПМНЕ и после 4 години никако да смогне сили и да ги посочи вистинските организатори и да се извини за тоа што го направија. Не е ни чудо што денеска од ДПМНЕ се збунети после она вчера и не им е јасно зошто партијата на републиканците не застанала позади Трамп.

Нормално дека се збунети дпмнеовците, застанати таму некаде со деспотски сфаќања и заглавени во средновековни перцепции за сегашноста, затоа се таму каде што се, со последователни изборни порази и јадни обиди за протести.

Она што е исто (заедничко) од насилните напади на институциите кај нас и оние во САД, е исходот. И кај нас и таму на крај демократијата надвладеа и не се дозволи затуцаните реднек конзерви и овдешни и тамошни, да победат. Ова исто така ни покажа е колку е кршлива демократијата, без разлика дали се работи за земја со демократски процеси негувани 250, или 25 години, таа е кршлива ако не се негува, да ги парафразирам зборовите од Бајден

Она пак, што сега е најинтересно во Америка, е тоа како американската демократија ќе се справи со Трамп, и душбезите трампистички што вчера се кекеравеа во законодавните домови на американскиот Капитол.

Во своите предизборни и победнички говори, Бајден потенцираше и повикуваше на единство, и како тоа мора да се врати за да има нормална функционална демократија, впрочем тоа и во вчерашната изјава го рече.

– Сцените што ги гледаме во Капитол, не се она што Америка è и не го претставуваат она што сме ние, рече Бајден. и додаде дека демократијата е фрагилна и за да се зачува, потребни се луѓе со добра воља, водачи со храброст да истапат, посветени не да презентираат моќ или свои интереси, туку заедничко добро

Дали оваа надеж на претседателот Бајден ќе биде доволно силен поттик да се кохезираат демократските капацитети и САД цврсто да застане на демократски нозе, а при тоа да успее да ги залечи раните што ги остави налудничавото владеење на Трамп, останува да видиме.

Сè уште важи аксиомата – Каде оди Америка, таму оди светот. Среќа, што кусогледиот политички дурбин на Трамп, не дофрлаше до кај нас, па останавме надвор од неговата сфера на интереси. А се сеќаваме како очајните дпмнеовци се надеваа после неговата победа и трие раце – „сега му е мајката“.

Бајден, е на потег.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk