ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Словенечкиот премиер повика на трпеливост поради сериозната состојба со пандемијата

January 8, 2021 16:59
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека епидемиолошката состојба со пандемијата на коронавирусот во Словенија е сериозна и ги повика жителите да бидат трпеливи, најавувајќи дека постепеното отворање по заклучувањето ќе биде според регионален клуч.

– Состојбата со епидемијата е сериозна и поради дружење во текот на изминатите празници, очекуваме дека бројот на новозаболени ќе се зголеми, а се уште не сме го достигнале пикот на епидемијата, рече Јанша на прес-конференција во Брдо кај Крањ.

Тој најави дека во иднина, поради сериозноста на епидемиолошката состојба, словенечката Влада ќе се состанува двапати неделно, наместо еднаш.

Јанша објасни дека Владата го надополнила планот за идно олеснување на сегашните мерки и ограничувања, согласно стратегијата што ќе ја земе предвид различната состојба во одделни региони.

Според него, останува правилото дека ублажувањето на мерките може да се случи само кога на национално ниво ќе се постигне седумдневната инциденца на инфекција на 100.000 жители да падне на помалку од 1.350, а бројот на хоспитализирани на помалку од 1.200.

Според него, ова може да се случи во најдобар случај само за една недела.

Исто така, според регионалниот критериум, повеќе вакцини, кога ќе пристигнат поголеми количини, би се дистрибуирале до оние региони кои значително се издвојуваат според бројот на нови инфекции.

Јанша потсети дека Владата веќе донесе одлука во четвртокот дека сегашните ограничувачки мерки ќе останат на сила барем до 18 јануари и дека Владата ќе ја процени ситуацијата во земјата од епидемиолошка гледна точка следната среда, кога ќе објави план за вакцинација за јануари и февруари.

Словенечкиот премиер ги повика граѓаните да бидат трпеливи и да ги применуваат сите мерки и ограничувања се додека поголемите количини на вакцинации не ја подобрат епидемиолошката состојба.

 

/МИА/
Next Post

Кривична пријава за смртни закани и повици за насилство на Фејсбук

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk