Мицкоски, на лагата и’ се кратки нозете! Претседателот на партијата на Груевски, Мицкоски, денеска изјави дека „Македонија живее во медиумски мрак и дека состојбата никогаш не била полоша”, напиша на својот Фејсбук профил Андреј Жерновски.
„За да му покажам и докажам дека кажува невистини, јавно му ја праќам табелата на Reporters without borders, каде е набележано рангирањето на нашата земја. Од прикажаното, јасно се гледа дека во времето на владеето на ВМРО-ДПМНЕ, од 180 анализирани земји, сме биле на мизерното 123 место, за да денес сме на 92 место.
Затоа, поради ваквите лаги и клевети, во неодамнешната Студија изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија, а по нарачка на Европскиот парламент (објавена на интернет-страница под наслов „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“), токму Христијан Мицкоски е наведен како главен извор на дезинформации“, напиша Жерновски.