Јакиот имунитет е многу важен за да се заштити телото од вируси и разни болести. Доволното внесување витамини поволно дејствува на целиот организам и може значително да го зајакне имунолошкиот систем.
Нутриционистите советуваат тие да се внесуваат преку храна или напивки, а ако не може на тој начин да се задоволи препорачаната дневна дозна, тогаш треба да се земаат витамини.
Ви носиме рецепт за домашна напивка што ја враќа енергијата и поволно дејствува на имунолошкиот систем…
Состојки:
- 1 шолја топла, односно врела (незовриена) вода
- 1 см свеж, изрендан ѓумбир
- сок од половина лимон
- половина лажиче бибер
- половина лажиче цимет
- половина лажиче каранфилче
- половина лажиче куркума
- 1 лажица мед
Приготвување и примена:
Измешајте ги сите состојки и оставете ги да отстојат неколку минути. Потоа, исцедете и пијте по малку во текот на денот.