Зголемена безбедност, подобра економија, повеќе инвестиции, а со тоа и подигнување на животниот стандард се дел од придобивките кои Северна Македонија ги очекува, откако лани и официјално стана 30. земја-членка на НАТО. Официјализирањето на членството беше невообичаено, во услови на глобална пандемија, на закана за светската економија, но очекувањата се дека по завршувањето на кризата позитивните трендови ќе се рефлектираат во македонското општество, пред се во економијата.
Актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс ќе биде присутен на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, изјави висок претставник на администрацијата. Актуелниот претседател Доналд Трамп, пак, во петокот најави дека нема да се појави на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.
Позата „вампир“ е нов хит во светот, а ја дизајнираше компанијата „Lovehoney“, која произведува сексуални играчки и помагала, како и долна облека.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Завршени се градежните активности за уредување на коритото за заштита од поројните дождови во населеното место Гермијан со должина од 340 метри така што жителите можат да бидат спокојни и да ги вршат своите активности навремено во текот на целата година, потенцираше министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Одделението за криминалистички работи во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.А.(27), поради постоење основи на сомневање дека сторил шест кривични дела „измама“, како и против М.А.(18), К.К.(29) и Н.А.(29), поради постоење основи на сомневање дека сториле по три кривични дела „измама“, казниви по чл.247 од Кривичниот законик, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 5.472.790 денари.