ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Љубовната приказна на кралицата Елизабета и на принц Филип!

January 10, 2021 10:43
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Принц Филип во една пригода изјавил дека тајната на неговиот долг брак со кралицата Елизабета Втора е во толеранцијата, бидејќи сè е добро додека сè е во ред, но кога нештата ќе тргнат наопаку, толеранцијата е неопходна. Покрај оваа мудрост, дознајте што уште ја дефинирало и одржало љубовната приказна на Елизабета Втора и принц Филип.

Се запознале кога биле млади

Ако се прашувате како овие две „гулапчиња“ се повеќе од 70 години во брак, одговорот лежи во фактот што се запознале многу рано. Кралицата Елизабета Втора тогаш имала само 13 години, а принц Филип имал 18.

Елизабета Втора и Филип се роднини

Станува збор за еден вид традиција која овозможува да се продолжи кралската лоза и да се одржи поцврста. Интересно е тоа што кралицата Елизабета Втора и принц Филип се во сродство преку две линии. Едната вода од кралицата Викторија, а другата од кралот на Данска, Кристијан Деветти.

Не станува збор за договорен брак

Договорените бракови се честа појава во кралските семејства, но тоа не било случајот со кралицата Елизабета Втора и принц Филип. Откако се запознале како тинејџери, се родила љубов, а и Филип оставил крајно позитивен впечаток на тогашниот крал, таткото на Елизабета.

Нивната врска на почетокот била тајна

Бидејќи биле многу вљубени еден во друг, кралицата Елизабета Втора и принц Филип сакале да се венчаат во 1946 година. Сепак, биле премногу млади и морале да почекаат Елизабета да наполни 21 година.

Филип се откажал од тутунот поради Елизабета Втора

Иако принц Филип бил страстен пушач, таа негова навика многу ја нервирала кралицата Елизабета Втора. Една од причините за тоа е што истата зависност од тутун ја имал и нејзиниот татко. Поради тоа, на денот на венчавката Филип засекогаш се откажал од цигарите.

Најубавите години ги поминале на Малта

Ова бил нивниот најнормален период, бидејќи штотуку се венчале и имале едно дете. Елизабета Втора тогаш сè уште не била кралица, а принц Филип служел војска на Малта, така што немале посебни формални обврски поврзани со кралското семејство.

На Филип му било тешко кога Елизабета Втора станала кралица

Бидејќи Елизабета Втора станала кралица, принц Филип морал да се откаже од некои важни работи. Една од нив била кариерата, а друга селидбата во Бакингемската палата. Многумина велат дека принц Филип бил алфа маж, кој повеќе не бил задоволен од својата титула и положба.

Секој има своја одвоена спална соба

И кралицата Елизабета Втора и принц Филип имаат свои посебни спална соба. Тоа не е нешто невообичаено кај високите сталежи, особено поради тоа што спалните соби им се поврзани, па можат слободно да одберат дали ќе спијат заедно или одвоено.

Филип има чуден прекар за Елизабета Втора

Тешко е да се замисли некој како ја нарекува кралицата Елизабета Втора поинаку од „Ваше величество“, но принц Филип сепак има необичен прекар за својата сопруга. Кога е намуртена или кога тешко се насмевнува во јавност, тој ѝ вели: „Не изгледај толку тажно, колбасичке“.

Кружеле гласини за неверството на Филип

Шпекулации за неверството на Филип се појавиле во 1950-те години, па кралското семејство морало да ги негира преку официјални изјави. Меѓутоа, Сара Бредфорд, која ја напишала биографијата на кралицата Елизабета Втора, тврди дека Филип продолжил да има љубовни афери, но меѓу своите благородни пријателски врски за да не биде откриен.

Next Post

Нова секс поза стана хит - LoveHoney открива!

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk