ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Колозова: Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, стана членка на Светскиот конзорциум на институти „CHCI“

January 11, 2021 16:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, стана членка на Светскиот конзорциум на институти и центри од областа на хуманистичките студии (CHCI), придружувајќи се на глобалните напори за воспоставување длабока интердисциплинарност пречекорувајќи ги ѕидовите на класичните дисциплинарни поделби на науките.

За профилот на оваа наша истакната научно-истражувачка установа, за тоа зошто работата на Институтот често се наоѓа во центарот на вниманието на нашата јавност со анализи на општествено-политичките случувања во земјата, но и регионот и Европа, и како дојде до полноправното членство во „CHCI“, разговараме со основачот на овој Институт, проф. д-р Катерина Колозова.

„Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, кој е непрофитна научна и високообразовна установа регистрирана според Законот за наука, во центарот на своите истражувања ги поставува мултидисциплинарните студии на политики. Така, во пракса, во најголем дел од својата работа се наоѓа во улога на тинк тенк за јавни политики. Поради неговата филозофија на „тројно А“ („академија, анализа, активизам“), Институтот честопати се наоѓа во центарот на нашата јавност со анализи на општествено-политичките случувања во земјата, но и регионот и Европа. Веќе неколку години работи на меѓународни анализи на студии на „илиберализмот“ (новата десница на авторитарно и популистичко владеење) како меѓународен феномен. Во тој контекст, организираше два настана со Институтот за хуманистички истражувања во Виена, како и соработка со Слободниот универзитет на Берлин (Freie Universitaet) и Europa Nova тинк тенкот при Факултетот за политички студии на Парискиот универзитет.“, вели Колозова.

Таа нагласува дека токму од тие два настани и произлезе гломазна меѓународна колекција со студии од автори кои можеби ѝ се познати на нашата јавност, како професор Жак Рупник и Среќко Хорват, а приредена од Колозова и Николо Миланезе, која се очекува да биде издадена од издавачката куќа на МекГил Квинс Универзитетот од Канада.

Последната вест која ни пристигна во врска со овој наш реномиран институт е дека, на покана на претседателката на Светскиот конзорциум на институти и центри од областа на хуманистичките студии со акроним CHCI, стана полноправна негова членка.

„Работата на овој конзорциум е од глобално значење бидејќи настојува да ги пречекори границите на хуманистиката, но и општествените науки, дури и во нивните интердисциплинарни облици, и да ги доведе во тесна соработка со природните и егзактните науки, а со тоа и да одговори на глобалните процеси на општествена трансформација“, вели проф. д-р Катерина Колозова.

Летна школа во заедничка организација со Утрехт универзитетот. Септември 2019

Во 2017, на Светскиот конгрес на хуманистичките науки, организиран од УНЕСКО и Конзорциумот во Лиеж (Белгија), проф. Катерина Колозова заедно со светски реномираниот филозоф Рози Браидоти (Rosi Braidotti), професорка на Универзитетот во Утрехт, и една од иконите на современите иновации во интердисциплинарноста, како учеснички на панелот организиран од Европскиот конзорциум, зборуваа токму за можностите на подлабоките пробиви на интердисциплинарноста.

„Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, по препорака токму на Рози Браидоти, стана полноправна членка на Европскиот конзорциум веќе кон крајот на 2016 година. За ова да се случи, претходеше долгогодишната соработка помеѓу Институтот и Универзитетот од Утрехт, особено во областа на хуманистичките и општествените интердисциплинарни студии, запечатена со Меморандумот за разбирање и соработка потпишан од двете институции во 2016.“, потенцира Колозова

Секако, колегијалните односи и тесната соработка помеѓу професорките Колозова и Браидоти, придонесе и за институционално приближување. Во својата серија интервјуа за иднината на хуманистичките науки во Европа, во продукција на Универзитетот во Утрехт, Браидоти ја покани Колозова на интервју во кое зборуваа како за нејзината филозофска работа, животен пат така и за Институтот и визијата за него.

Рози Браидоти е едно од најголемите имиња на современата континентална филозофија за чиј труд се објавени илјадници студии, магистерски и докторски тези, како и авторски монографии и зборници и прирачници. Еден од поважните зборници, воведна литература за делото на Рози Браидоти, е објавен од издавачката куќа Блумсбери Академик од Лондон (Велика Британија) под наслов The Subject of Rosi Braidotti Politics and Concepts.

Јане Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk