„Во оваа година влегуваме со јасни и зацртани цели. Со десет клучни државни и владини приоритети преку кои ќе ги имплементираме европските стандарди во сите сфери од општеството. Решивме крупни историски проблеми и пред нас е неповторлив период кога се фокусираме на следните приоритети. Десетте приоритети од владинат „Акција 21“, европските стандарди дома.“, рече заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на дднешната прес-конференција.
Тој истакна дека со овие проекти целосно ќе се рестартира економијата, ќе се внесат повисоки критериуми и стандарди во сите области, ќе се придонесе за транспарентни функционери и институции, одговорни и ставени во служба на граѓаните.
Токму борбата против корупцијата и криминалот е меѓу клучните цели и приоритети во „Акција 21“, нагласи Николовски.
„Преку конкретни мерки и политики ќе се фокусираме на решавање на случаите за кои постои сомнеж за висока корупција за спречување и искоренување на оваа девијантна појава во секое, па и во нашето општество. Секој што го прекршил законот ќе сноси одговорност. Клучен проект во нашата работа е да нема недопирливи. Исполнивме голем дел од препораките на „Греко“. Донесовме нов поприменлив кодекс за етичко однесување на именуваните функционери со кој сега се опфатени сите именувани функционери од владата, а не само министрите и замениците-министри.“, потенцира Николовски.
Вицепремиерот издвои и дека еден од условите за општините да добиваат финансиска поддршка од Буџетот и меѓународните институции, е тоа, тие на своите веб страници да објавуваат 22 документи и информации кои што се поврзани со нивната работа, за да граѓаните имаат пристап до истите.
Николовски нагласи дека сега има посебна алатка и мерит систем според кој сите функционери кои неодговорно, неетички се однесуваат треба да знаат дека се целосно мониторирани и ќе бидат сменети ако не постапуваат по овие стандарди и вредности.
Ј. Ѓорѓиоски