„Од 23 Основни јавни обвинителства, констатиравме дека само четири обвинителства имаа во некаков облик истражни центри, кои иако се оперативни ги немаат потребните капацитети на истажители, не се екипирани, ниту пак се дигитализирани за да може брзо да се решаваат случаите и да се испорачуваат резултатите. Заради тоа, заедно со Министерството за правда ќе се фокусираме на екипирање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство. Воспоставувањето на ефикасен контролен механизам е една од алките во борбата против антикорупцијата.“, истакна заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната прес конференција.
Тој нагласи дека ќе се започне со воведување на „Е- инспектор“, електронскиот систем на инспекција, кој ќе овозможи електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под капата на инспекцискиот совет. Со тој систем ќе се намали субјективното влијание на секој инспектор за време на инспекцијата, рече Николовски.
Вицепремиерот Николовски ги издвои и единствен регистер на недвижности за се што е во државна сопственост и регистарот на подароци, како и уредбата за намалува и ставање на ред и дисциплина на користење на службените картички, службените автомобили и друг имот
„Преку креирање на единствен регистер на недвижности за се што е во државна сопственост и регистарот на подароци, ќе продонесеме за домаќинско упавување и постапување со државниот недвижен имот. Со тоа ќе се зголеми и нивото на одговорност на носителеите на јвни функции без злоупотреба на државните ресурси. Во владина постапка се неколку уредби со кои ќе се предложи ограничување, намалува и ставање на ред и дисциплина на користење на службените картички, службените автомобили и останатите средства со кои располагаат функционерите. Работиме на воспоставување на Регистар на вистински сопственици, кој ќе биде промовиран заедно со Централниот регистер.“, рече Николовски на денешната прес-конференција,
Ј. Ѓорѓиоски