ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Блискоста на двата народа и двете земји нè тера да преземеме чекори за изнаоѓање решение, ракометарите заминуваат на Мундијалот во Египет…

January 12, 2021 20:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се регистрирани 520 нови случаи на коронавирус од 3.023 тестирани, починати се 12 лицa. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 372 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-16, Штип-6, Прилеп-18, Тетово-12,  Струга-20, Велес-15, Битола-17,  Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-9, Струмица-17, Радовиш-7, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-5, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-3, Неготино-12.

„Еуроактив“: Софија ја менува тактиката кон Скопје за да ја ублажи напнатоста. Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, вчера на специјалниот претставник на македонската влада, Владо Бучковски, му го претставила бугарскиот акциски план за подобрување на односите во кој се вклучени повеќе министерства.

Што има во Акцискиот план на Софија – Од отворање на кампуси на бугарските универзитети во Македонија, учебници по историја до инвестиции и инфраструктура…„Предложениот акциски план е првиот конструктивен чин на властите во Софија откако вицепремиерот Красимир Каракачанов во септември објави дека ќе биде блокирана европската перспектива на Северна Македонија“, пишува „Еуроактив“.

Бучковски: Блискоста на двата народа и двете земји нè тера да преземеме чекори за изнаоѓање решение. Без оглед на интензитетот на моите патувања и состаноци, очигледно е дека двете земји се заинтересирани да не ги замрзнуваат односите или комуникацијата само преку медиуми и преку посредници, рече Бучковски.

Рокот за користење на финансиската поддршка од 6.000 денари продолжен до 31 март. Финансиска поддршка од 6.000 денари добија граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Македонија оди на ракометниот мундијал во Египет, Чешка се откажа, во тимот има заразени со ковид 19. Нашите ракометари, кои се очекува што побргу да отпатуваат кон африканската држава, ќе бидат дел од групата Г, заедно со селекцијата на домаќинот Египет, потоа десеткуваниот тим на Шведска и аутсајдерот Чиле, селекција што минатите денови двапати ја совладавме во пријателски мечеви.

Град Скопје: По 8 години се ослободува патеката на кејот, нов кеј кај пешачкиот мост во Центар. Од овој потег досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал. Чистењето ќе продолжи и во наредните денови.

Фајзер/БиоНТек произведе 70 милиони вакцини до крајот на 2020 година. Германската фармацевтска компанија „БиоНТек“, која заедно со американската компанија „Фајзер“ ја разви вакцината против вирусот, вчера соопшти дека очекува до крајот на годината да бидат произведени две милијарди дози.

ОЛАФ покрена истрага против ФРОНТЕКС. Европската канцеларија Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) покрена истрага против Европската агенција за погранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) поради обвинувањата за вознемирување, непримерно однесување и одбивање на мигрантите.

И.Т.З.
Next Post

Си-Ен-Ен: Екстремисти прават заговор да го опколат американскиот Капитол пред инаугурацијата

НАЈНОВО

Албанија се опремува со напредно израелско оружје

November 16, 2025

Во потрага по техносигнатури – мистериозните сигнали што го разбудија човештвото

November 16, 2025

СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk