ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Во основата на образовната реформа се критичкото мислење, разбирањето и прифаќањето на различни, но добро аргументирани решенија

За време на дебатата поврзана со презентацијата на основите врз кои се подготвуваат образовните реформи, премиерот Заев и министерката Царовска потенцираа дека оваа Влада реформите ги спроведува низ принципот "прифаќаме отворено да дискутираме", наспроти принципот "одбиваме промени".

January 13, 2021 16:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска и членовите на Работната група за реформи во основното образование денеска ги презентираа основите на образовната реформа пред претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев и пред членови на кабинетот на премиерот.
Премиерот Заев на средбата изрази поддршка за неопходноста од реформи на образовните програми, осврнувајќи се на потребата од современо и квалитетно образование како предуслов за економски напредок и за општествена трансформација базирана на вредности.

На презентацијата посебно внимание беше ставено на фактите кои говорат за неопходноста од образовни реформи без одлагање како што се ниските оценки за нашето образование на меѓународните тестирања на учениците, наодите и мислењата на меѓународните и домашни институции за образовните програми, како и мислењето на родителите и на наставниците и пред сѐ мислењата на учениците.

Од анализите кои се користени утврдено е дека е потребно образование кое учениците го доживуваат како корисно и интересно, а не напорно и досадно, образование кое ги учи децата да учат преку разбирање и сопствено критичко мислење, а не “на памет”.

За време на дебатата поврзана со презентацијата на основите врз кои се подготвуваат образовните реформи, премиерот Заев и министерката Царовска потенцираа дека оваа Влада реформите ги спроведува низ принципот “прифаќаме отворено да дискутираме”, наспроти принципот “одбиваме промени”.

Се разговараше дека со новата концепција за секое дете во државата ќе бидат достапни позитивни и современи модели на учење кои во моментот може да си ги дозволат само дел од граѓаните.

Посебно внимание беше посветено на потребата од темелна, наместо паушална реформа која ќе ги отстрани клучните недостатоци на нашиот образовен систем како што се политизацијата на училиштата, содржините на учебниците кои не се соодветни на времето во кое живееме и на потребите на децата, како и слабата мотивација на наставниците.

Премиерот Заев на средбата нагласи дека Владата, Министерството за образование и наука, како и Работната група остануваат на ставот да ги поттикнуваат сите заинтересирани да се вклучат во јавната дебата, да придонесат со свои предлози, сугестии, коментари и критики преку активно учество во тековните јавни расправи на МОН, како и со испраќање писмени предлози до надлежното министерство и Бирото за развој на образованието.

На состанокот беше нагласено дека веќе се стигнати квалитетни предлози кои Работната комисија ги зема предвид и дел од нив ќе бидат прифатени.

Со цел активно и сеопфатно вклучување во јавната расправа, Владата ќе иницира до Собранието да организира јавна консултација на која ќе учествуваат сите засегнати страни и на која ќе се презентираат различни и спротивставени аргументи за да се стигне до најдобри решенија.

И Владата и МОН остануваат на ставот дека реформата ќе се носи исклучиво низ јавен, аргументиран, критички и отворен процес, бидејќи во основата на оваа реформа се токму критичкото мислење, разбирањето и прифаќањето на различни, но добро аргументирани решенија.

За време на дискусијата за потребата од образовни реформи беше истакнато дека инспирација треба да биде една од мислите на истакнатиот македонски револуционер Гоце Делчев кој рекол дека “Револуцијата на народот е во умот и срцето” која тој ја имал за водилка и за време на неговата учителска дејност.

Next Post

(ВИДЕО) МВР: Не се почитуваа мерките на карневалот во Вевчани, иако беше договорено

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk