ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Владата ќе подаде рака, но досега опозицијата покажа висок капацитет за опструкции за сите законски проекти (ВИДЕО)

January 13, 2021 14:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Опозицијата за жал покажа висок капацитет за опструкции и блокирање во овој период и тоа сепак е штета за државата и за самите нив, но јас верувам и секогаш ќе имам подадена рака за конструктивен дијалог од страна на парламентарното мнозинство и од страна на Владата.“, рече министерот за правда Бојан Маричиќ одговараќи на прашањето од Фронтлајн – дали и какви опструкции се очекуваат од опозицијата во овој процес на правосудни реформи, поучени од искуството што се имаше при донесувањето на Законот за Јавно обвинителство.

Маричиќ нагласи дека за сите тие законски проекти или пак мерки, кои ќе се носат во иднина, опозицијата ќе има подадена рака од Владата  за дијалог, но додаде дека одговорноста на опозицијата е да биде на ниво на задачата.

„Во рамките на Mинистерството за правда формиравме работна група за изборниот законик каде што ќе се работи со претставници на сите опозициони партии. Исто така побарав предлог за работна група кој уште не сум го добил за Законот за кривична постапка, каде што експерт на којшто му верува опозицијата би можел да земе учество. За сите тие законски проекти или пак мерки, ќе има подадена рака за дијалог, затоа што тоа е наша должност. Меѓутоа одговорноста на опозицијата е да биде на ниво на задачата, да работи во интерес на граѓаните и да доаѓа со суштински предлози кои би ги разгледувале и за кои би наоѓале решенија за дво-третинските закони.“, истакна Маричиќ

Најлесно е да се опструира, најлесно е да се бојкотира, меѓутоа од тоа нема никој интерес, и во таков случај не оди во корист на граѓаните, потенцира министерот за правда Bojan Маричиќ во одговорот на прашањето од Фронтлајн.

Министерот за правда Бојан Маричиќ и амбасадорот и шеф на делегацијата н ЕУ во земјава Дејвид Гир одржаа онлајн презентација на проектот „Поддршка на процесот за реформа на правосудството“, а потоа одговараа и на новинарски прашања.

Ј. Ѓорѓиоски

 

Next Post

Отворена нова градинка во Новаци

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk