ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Отворена нова градинка во Новаци

January 13, 2021 14:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Новаци Љубе Кузманоски пуштија во употреба нова детска градинка во оваа општина. 

Шахпаска истакна дека „Бамби“ во Новаци е првата градинка што се отвора во новата 2021 година и дека отворањето градинки во секое катче на државата е дел од владината програма и беше изборно ветување што се реализира.

– За нас секое дете во државата е важно, независно од тоа дали живее во големите градови или во рурална средина. Вложувањето во раниот детски развој, во предучилишното образование што се одвива во градинките, претставува врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика, затоа што градењето на една млада личност којашто треба да влезе во процесот на образование е подготвена и е многу значајно за нејзино понатамошно квалитетно развивање. Истовремено, вложувањето во компетентен и професионален кадар од восипитувачи и негуватели коишто ќе бидат со нашите најмлади, исто така претставува наш приоритет. Со доаѓањето на власт, од септември до сега, отворивме седум  детски градинки, со што опфатот на деца кои се сместени во градинки е зголемен за 665, истакна министерката Шахпаска.

Министерството за труд и социјална политика во оваа година гради 15 нови градинки и опфатот ќе се зголеми за 1900, а до крајот на мандатот, односно до 2024 година, предочи Шахпаска, се очекува 60 насто од децата во државата од преучилишно образование да имаат можности за сместување во градинка.

За изградба на градинката во Новаци се вложени 9,5 милиони денари.

-Детската градинка е со површина од 230 квадратни метри и со сместувачки капацитет за 50 деца. Средствата за изградба ги обезбедија Министерството за труд и социјална политика, локалната самоуправа, додека за еколошкиот систем за греење во градинката, средства обезбедивме од меѓународен проект, информираше градоначалникот Кузманоски. 

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk